Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште едно скандалозно кадровско решение на владата

0
By Zoran Ivanov on October 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Очевидно е дека Бојан Христовски е „погрешно паркиран“ – од Градски паркинг доаѓа на место каде е неопходно поседување на безбедносен сертификат

Владата на неодамнешната седница го разрешила досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначила Бојан Христовски.

Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата и јавните препирки меѓу партијата и градоначалничката Данела Арсовска.

Досегашниот директор Милошевски беше назначен на функцијата во декември 2022 година од тогашната Влада на СДСМ и ДУИ, кој дојде на позицијата на Виктор Димовски.

Агенцијата за национална безбедност почна да функционира во 2019 година, по реформите кои беа спроведени во безбедносниот сектор, а со кои престана да функционира Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Токму новоназначениот директор Христовски, пред да стане прв човек на АНБ, на 1 септември годинава го честита петтиот роденден на Агенцијата, наведувајќи дека е последен!

Реагираа од СДСМ и побараа разрешување на Христовски од АНБ.

„Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ се прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите“ – се вели во нивното соопштение. Па се посочува дека во член 10 од Законот за АНБ јасно стои дека директор на Агенцијата не смее да биде член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Наместо професионалец, на чело на АНБ власта поставува партиски човек, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и активен пропагандист на власта. Бројни објави, фотографии и натписи на неговата Фејсбук страница кои целосно го потврдуваат ова. Буквално секој негов пост, е посветен на ДПМНЕ и во функција на пропагандата на Мицкоски. Христовски го има на слики во речиси сите партиски штабови на ДПМНЕ во Скопје. Може да се види многу горд со Мицкоски, со Силјановска, и како ревносно ги пропагира политиките на неговата партија.

Буквално нема неполитичка, ниту некаква професионална објава на Христовски, сите му се партиски – се продолжува во образложението. Дури и во последните објави на Христовски се гледа тоа. На 25 септември, со слика пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ќе објави дека „ја чува организацијата“.

Кога ги гледате овие објави многу смешно личат изјавите на Мицкоски и ДПМНЕ дека се деполитизирал, тоа едноставно е чиста лага.

Но, има и објави кои се загрижувачки и кои покажуваат какви се неговите скриени намери против самата институција на којашто е поставен.

Еве ја таа објава. На 1-ви септември оваа година Христовски ќе напише, цитирам „Нека е честит петтиот и последен роденден на Агенцијата за национална безбедност!“

Се поставува прашањето дали Христовски по партиски налог всушност ќе работи за уништување на АНБ?

Со партизација на оваа важна институција, власта има единствена цел повторно да ги злоупотребува безбедносните служби за партиски цели. Исто како и во времето пред 2016 година.

АНБ треба да остане независна институција која ќе работи за доброто на сите граѓани, а не за интересите на една партија и еден човек, а тоа се Мицкоски и ДПМНЕ.

На политиката и на партиските кадри не им е местото во АНБ.

Бараме итни мерки за департизација, односно разрешување на Христовски и назначување на нов директор на АНБ, со што ќе се врати професионализмот и довербата во оваа институција.

Текстот е преземен од Глобус.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

ВЕСТИ November 6, 2025

Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во…

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.