Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Условите во затворските капацитети се подобрени, останува проблемот со недостиг на здравствен персонал

0
By Ivana on September 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Има подобрување во однос на реновирањето на капацитетите во затворите, но, останува проблемот со дефицитот на здравствениот персонал. Неопходна е координациска соработка и постојана здравствена помош.

Ова го покажал мониторингот со кој Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамките на проектот „Елиминација на тортура и нечовечко постапување во затворите и другите установи за лишување од слобода” оствариле 29 редовни посети во затворските установи.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, на настанот истакна дека целта, и на Владата и на државата, мора да биде елиминација на нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода, при што посочи дека во последните неколку години има напредок и во однос на подобрувањето на условите во притворски и затворските установи и во постапувањето со овие лица.

– Знаеме дека и во минатото и до денес има многу забелешки во овој дел. Ние со внимание ги земаме сите извештаи и сите укажувања од Советот на Европа, од Комитетот против тортура и по нив постапуваме. Мислам дека особено во последната година и во последните неколку години има подобрувања. Има и нови установи и притворски и затворски, затворската установа во Волковија за малолетници, новиот затвор во Куманово и други реновирани делови каде што целта е да се подобрат условите, постапувањето со овие лица да биде согласно Конвенцијата за човекови права и согласно нашите закони, и секако, лицата кои се притворени или затворени да ги остваруваат своите права, бидејќи, иако, дел од правата им се одземени заради казните или мерките, не значи дека немаат свои права кои може да ги остваруваат, рече Маричиќ на новинарско прашање.

Во однос на информации во јавноста дека одредени затвореници имаат привилегии во затворскиот систем Маричиќ вели пред законот сите се еднакви, сите имаат еднаков третман и никој не е привилегиран.

– Притворените и затворените лица имаат определени права и определени погодности кои можат да ги користат под одредени услови. За сите тие права и погодности се одлучува во корелација меѓу Управата за извршување санкции и Судот и Обвинителството. Така што секоја постапка, секоја погодност, секое право, е комуницирана на ова ниво. Секаде каде што има слабости работиме тие да се отклонат и сите конкретни ситуации да се испитаат и по нив да се постапува. Тоа е за нас важно. Инаку нема никој кој е привилегиран, секој се третира согласно законот и своето однесување, така како што ќе одлучи Судот, максимално гледаме сите да добијат еднаков третман. При тоа работиме и со Управта за извршување санкции и со МВР за сузбивање на евентуална појава на криминал и корупција и во затворите и во притворските единици. Тоа е вечна борба, меѓутоа, државата ги користи механизмите и треба што повеќе да ги користи за тоа да се сведе на минимум, вели министерот за правда.

Во однос на условите во затворите, тој нагласува, дека целта е сите објекти да бидат со ист квалитет и затоа етапно се работи со помош на ЕУ и на Советот на Европа да се дојде до тој стандард. Посочи на проектот за реконструкција на затворот во Идризово вреден неколку десетици милиони евра. Целта е и, додава, затворите кои што се слика на државата да даваат подобра слика за нашата држава за да немаме забелешки и за да луѓето кои се таму ги имаат сите права кои им припаѓаат, без разлика на тоа што издржуваат казна или некаква мерка.

Фрејк Јанмаат, советник, раководител на сектор економски прашања, градење институции, прекугранична соработка при Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, истакна дека овој проект е од најголемо значење за затворениците бидејќи тие заслужуваат прикладен третман и пристојни услови каде и да претстојуваат, во кој било затвор или казнена установа. Тој вели дека условите на затворите се важни од аспект на интеграциите на Северна Македонија во Европската Унија, бидејќи се работи за основни човекови права, вредност за која ЕУ се придржува цврсто.

– Ќе биде важно за претстојните преговори да се обрне внимание на оваа проблематика, бидејќи вниманието што овој проект се обидува да го привлече е помеѓу невладините, институциите и населението на условите во затворите и другите поправни установи, рече Јанмаат.

При што изрази задоволство на начинот на кој што институциите реагирале на овој проект и се радува на успешна соработка во која ЕУ ќе продолжи со асистенција во овој домен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.