Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Успешна година за коскената трансплантација во земјава

0
By Ivana on January 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Универзитетската Клиника за Ортопедски болести,  минатата година за прв пат се направени четири експлантации  на коскено ткиво од починат донор, со што е отворено ново поглавје и е направен значаен исчекор во полето на трансплантационата медицина, а воедно и во полето на ортопедијата во земјава. 

По првата експлантација која ја направи тимот од клиниката на 17 април, до крајот на годината  беа направени уште три експлантации на коскено ткиво од починат донор. На осум пациенти, од кои четворица со малигна болест ,им беше трансплантирано здраво коскено ткиво, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот.

– Ова за сите нас и лекарите и пациентите е голем и значаен чекор. Горд сум и како хирург ортопед , но и како директор на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ, што бевме дел од мултидисциплинарниот тим за трансплантација во земјава , кој отвори ново поглавје во медицината во изминатата година. Трансплантацијата значи многу. Не само од аспект на медицна, туку отвара и една друга димензија на хуманост, човечност и надеж што во ова тешко време кое го живеетме на сите ни е потребно – вели асс. д-р Александар Трајановски, директор на Клинината за ТОАРИЛУЦ Скопје, во чиј состав е Клиниката за Ортопедија.

Интервенциите кај сите осум пациентите кои добија коскено ткиво од починат донор, беа изведени  на Клиниката за Ортопедски болести од страна на стручните тимови на Клиниката предводени од еминентти хирузи ортопеди. Од почетокот на 2021 година на Клиниката е возобновена и Банката за коскени ткива каде благодарение на Германската амбасада е набавен нов уред за замрзнување на графтовите на многу ниски температури.  Сето ова беше предуслов за развој на трансплантацијата на коскени ткива од починат донор.

– Пациентите кои добија коскено ткиво се во најголем дел се млади лица кои имаа сериозни здравствени  проблеми  кои влијаеа на квалитетот на нивниот живот. Првата трансплантација, која за сите нас е особено драга, е кај млада девојка која има дваесетина години и кој боледува од тешка форма на карцином на коски. Една од опциите кај неа беше и апмутација на ногата. По направената трансплантација на  лев дистален фемур,  осум  месеци по транплатацијата нашата пацинети веќе почна да оди – вели д-р. Милена Богојевска Доксовска, болнички координатор на Клиниката за Ортопедија.

Минатата година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива. Ова е значителен напредок споредбено со изминатите години како во полето на трансплантацијата така и во делот на подигнување на свеста за органодонорството. Националниот координатор за трансплантација д-р. Маја Мојсова Мијовска постојано го нагласува значењето на органодонорството како предуслов за развојот на еден трансплантациски програм.

– Токму благодарение на хуманата димензија на семејствата кои се одлучуваат да ги донираат органите од нивните блиски, ние можеме да ја развиваме трансплантацијата во земјава и тоа во интерес на пациентите за кои единствен спас е токму трансплантацијата. Нивната одлука да се донираат органите значи не само хуманост и надеж за пациентите, туку и верба во здравствениот систем- вели д-р Мојсова Мијовска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.