Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставни измени: Кому му одговора Македонија да биде даночен рај

0
By Сашка Цветковска on August 25, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Покрај дефинирањето на бракот како заедница помеѓу маж и жена или преименувањето на Народна банка, предлозите на Владата за измени во уставот содржат уште еден значаен амандман кој предвидува можност за креирање на посебни финансиски зони во Македонија. Иако на почетокот не беше јасно на какви зони се мисли, објавувањето на текстот од амандманите ги расветли сите дилеми. Сега намерата е кристално јасна – Владата сака во Македонија да прави таканаречен даночен рај или офшор. Впрочем, како што и пишува во самиот текст „во зоната ќе се применува посебна правна регулатива освен прописите од областа на кривичното право во Македонија“.

-Постојат повеќе работи кои се спорни (дискутабилни) во однос на офшор- финансиските центри. Само да ги наброиме: можноста за пониско оданочување или целосно даночно ослободување, можноста за посебното правно регулирање што често претставува начин за избегнување на одредени „непожелни“ правила, можноста за постоење тајност на одредени податоци (за сопствениците на одредени средства) или за избегнување стечајни постапки, вака професорот Ванчо Узунов во своја колумна од јули месец во „Утрински весник“ го објаснува терминот даночен рај или офшор.

Пратеникот Павле Трајанов на првата собраниска расправа по повод предложените измени уште поостро ќе ја критикува намерата на владата да овозможи формирање на даночен рај во земјава.

-Тие зони може да станат рај за перење валкани пари од трговијата со дрога или од тероризам, затоа што државата во тие зони нема никакви инструменти да го контролира текот на парите. Тоа може да биде од голема штета за Македонија и може да ги загрози нашите стратешки интереси да станеме членка на НАТО и на ЕУ, рече Трајанов. 

Во интервју за НОВА една од наједоставните дефиници за тоа што е офшор ќе даде поранешниот гувернер Петар Гошев кој ќе рече „Офшорот не е ништо друго освен завера на богатите против сиромашните – завера поддржана од владите низ светот“.

НОВА повеќе од една година истражува и објавува текстови кои откриваат во кои бизниси се вклучени тајни сопствеништва од офшор дестинациите како Белизе, Панама, Лугано, Џерси и други. НОВА подготови и видео кое преку анимација објаснува како, всушност, функционираат овие системи. Во продолжение ви ги прикажуваме сите истражувања на НОВА кои откриле кои компании, јавни претрпијатија и личности имаат врски со даночните раеви на различни делови од светот.

Тајни газди од даночните раеви ќе печалат од монополот на Државна видео лотарија

Бизнис тајните од тропските острови и Скопје 2014

Кои се тајните бизнис соработници на Мијалков и Камчев

Мијалков ја продаде фирмата во Чешка на газди од даночните раеви

Добрата судбина на Гркот Кондоминас во Македонија

Газдите на „Нетпрес“ загубени на релација САД-Кипар, „Република“ на Кариби

Македонски бизнисмени оперираат со фирми во даночните раеви

Истражување: Кои се Македонците со фирми во оф-шор кралството Панама

Од 2001 до 2010 од Македонија излегле 4,6 милијарди долари црни пари

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.