Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уставот да не се отвора пред почетокот на преговорите со ЕУ, апелира Ристевска Јорданова од ЕПИ

0
By Sashko on April 18, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставот на државава да не се отвора пред почетокот на пристапните преговори со Европската Унија, изјави вечерва Малинка Ристевска Јорданова, член на Управниот одбор на Институтот за европска политика (ЕПИ).

„Зошто НЕ за отворање на Уставот сега, на почетокот. Затоа што Бугарија сега тоа го бара од нас и Европската Унија не може да каже. Значи не може да влезе во тоа за да направи преседан, не може да влезе не само од нормативни причини, туку и од практично-политички причини не може да направи таков преседан и да каже ќе ги внесете Бугарите во Уставот или ние сме гарант за тоа. Значи единствен начин на кој што Бугарија може да го постигне тоа е ние самите, доброволно да си го смениме Уставот“, вели Ристевска Јорданова во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Според неа, само ако Бугарија се откаже од претходните позиции, па се преговара за нешто ново, би можело да се разговара за некаков нов исход, а доколку не се повлечат од своите позиции, тоа значи дека тие го негираат нашиот идентитет.

Во однос на отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, Ристевска Јорданова вели дека е потребна наша стратегија која ќе ги брани нашите национални интереси и оти треба сите институции да седнат и да се координираат.

„Бугарските позиции остануваат исти, дека можеби реториката се сменила, но практично позицијата не се сменила. За секој што внимателно го следеше ова, оваа дрска политичка провокација е недостојна за две соседни земји, недостојна за две партнерски земји членки во НАТО“, вели Ристевска Јорданова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.