Затворот „Скопје“ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој заврши во куќен притвор со образложение од Обвинителството дека МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во Шутка, дециден е директорот на Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски.
Безбедноста овде е на прво место, а не е само притворското одделение во Шутка, има во Куманово, Гевгелија и Битола. Од мене не е побарано написмено да се произнесам за безбедноста на лицето Артан Груби. За МВР и АНБ не знам. За мене сето ова е произволно. Нека дојде кој сака и да каже кои параметри затворот „Скопје“ не ги задоволува. Кои се тие безбедносни критериуми што ние не ги исполнуваме? Не е точно дека не може да се гарантира личната безбедност на Груби.
Со сиот свој интегритет гарантирам дека максимално е загарантирана безбедноста на секој еден штитеник, дури и на Груби. На крајот на денот ако толку ценат дека овде е небезбедно има и други институции како во Гевгелија, Битола и Куманово. Затворот „Скопје“ не е мексикански картел. Само тоа имам да кажам, вели Утковски.
Во денешното соопштение Обвинителството излезе со образложение дека дале предлог за куќен притвор на Груби бидејќи МВР и АНБ процениле дека не бил безбеден.
Извор: Фејсбук




