Земјотрес од 4,8 по Рихтер бил почуствуван утринава во 5 часот и 24 минути во Дојран. Силниот потрес ги разбудил и граѓаните на Гевгелија, Валандово и Стумица, како и во Кавадарци, Радовиш и Берово. Според Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје.
Земјотресот е почувствуван и од населението од соседните Грција и Бугарија, а предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.
Два земјотреси со интензитет од 4 и 4,7 степени според Рихтеровата скала се регистрирани минатата ноќ во реонот на грчкиот град Кукуш, соопшти Атинскиот геодинамички институт.
Првиот земјотрес, со јачина од 4 сетепни, бил регистриран 13 минути по полноќ по локално време, односно во 23:13 часот по средноевропско време, со епицентар на 28 километри северозападно од Кукуш.
Вториот потрес, со интензитет од 4,7 степени по Рихтер, се случил рано изутринава во 6:24 часот по локално време, во 5:24 часот по средноевропско време, со епицентар на 25 километри северозападно од Кукуш.
Во текот на ноќта во реонот на Кукуш биле регистрирани над 10 други потреси со послаб интензитет.
Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети. Серија од овие земјотреси доцна синоќа ги вознемирија и граѓаните на Дојран, Богданци и Гевгелија.

