Велика Британија и Ирска поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското фудбалско првенство во 2028 година.
Пет асоцијации потврдија дека поднеле заедничка кандидатура во УЕФА за домаќини на турнирот.
„Преку ова уникатно партнерство ги преземаме следните чекори, а нашата цел е да бидеме успешни домаќини на Европското првенство, што ќе биде голема фудбалска прослава за навивачите и за тимовите. Веруваме дека ЕП 2028 ќе биде еден од најголемите спортски настани што некогаш се одржале во Велика Британија и Ирска“, се вели во заедничката изјава.