На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за в петок закажа состанок на Советот НАТО.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски како и министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
Засега не е прецизирано дали средбата ќе биде одржана преку видео конференција или со физичко присуство.