Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), европското политичко семејство кое ги претставува народите, регионите и малцинствата во Европскиот парламент, денес, во Валенсија, Шпанија, едногласно, ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ):„Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“.
Претседателот на овој единствен политички субјект на етничките Македонци во Албанија, Васил Стерјовски, вели дека е тоа голем историски ден за Македонците од сите региони, не само во Албанија.
Пред делегатите на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), ги претстав предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Албанија, како и нашата борба за еднаквост, достоинство и почитување на основните човекови права, вели Стерјовски и додава:
Со усвоената Резолуција, ЕФА, јасно, бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци.
Воедно,со оваа Резолуцијата, како што потенцира Стерјовски, се осудува политиката на негирање и асимилација на Македонците во Албанија преку надворешни политички притисоци од страна на Бугарија и ја повикува Европската комисија да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија.
Спорд него, оваа поддршка од европското семејство на малцинствата и народите, претставува силна порака дека Европа се гради врз почитување на различностите, правото на самоидентификација и заштитата на човековите права.
Стерјоски, истовремено, иупати благодарност до сите партии-членки на ЕФА за нивната едногласна поддршка и солидарност со македонската заедница во Албанија.
Нашата борба продолжува, смело, достоинствено и гордо. Ќе продолжиме да се залагаме за правата на Македонците во Албанија, уверени дека вистината, правдата и европските вредности ќе победат.Гласот на Македонците од Албанија се слуша во Европа, вели Стерјоски.
Стерјоски, истовремено, упати благодарност до сите партии-членки на ЕФА за нивната едногласна поддршка и солидарност со македонската заедница во Албанија.




