Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по денешните разговори во Софија, изјави дека се надева оти од разговорите што ги водел во Скопје и во бугарската метропола ќе произлегло решение.
Тој не избегна да каже дека во Брисел постои фрустрираност зашто сеуште немало решение , но дека нивните очекувања биле до претстојниот Самит на ЕУ на 23 јуни , да се постигне договор.
„Се надевам дека од сите овие разговори во Софија и Скопје конечно ќе произлезе решение, за конечно евро-перспективата на Северна Македонија да биде, не само потврдена, туку и зајакната. Веќе сме јуни, а јунскиот Самит е круцијален датум, барем во нашиот календар и сакаме да видиме постигнат договор, изјави Вархеји.