Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Тирана и Скопје ги исполнија предусловите, ЕУ треба да испорача!

0
By НОВА ТВ on September 30, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проширувањето на Европската унија отсекогаш предизвикувало силни мислења и емоции, чувство на екстремен оптимизам и екстремен песимизам. Многу повеќе од другите политики, истакна еврокомесарот Оливер Вархеји на Форумот за граѓанското општество во Западен Балкан. Тој кажа дека од неговото долгогодишно искуство, она во што верува дека е навистина потребно за успехот на политиката за проширување е вистинската посветеност и, како што вели, политиката за проширување има вистинска трансформативна моќ.

-Тоа е геостратешка инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст во цела Европа. Патот кон ЕУ сепак е долг и комплициран и полн со предизвици. Но, оние кои се навистина посветени успеваат. И за мене не постои сомнеж – иднината на Западен Балкан е Европската унија и нашите партнери се посветени на оваа цел. И анкетите за јавното мислење потврдуваат дека имаат силна поддршка од нивното население за да го достигнат, истакна еврокомесарот.

Вархеји додаде дека има воспоставено рамка што го издржала тестот на времето, односно критериумите од Копенхаген кои важат денес како и кога беа воспоставени пред речиси 30 години. Исто така, рече Вархеји, имаме пристап кој политички, технички и финансиски го поддржува изборот на политиката на нашите кандидати на нивниот пат кон пристапување.

-Секако, го рафиниравме овој пристап со текот на времето, неодамна преку ревидираната методологија за пристапните преговори, со цел да се направи процесот поверодостоен, подинамичен, попредвидлив и со посилен политички правец. Паралелно, го започнавме Економскиот и инвестициониот план, што ќе доведе до речиси 30 милијарди евра инвестиции во регионот што ќе донесат економски развој и закрепнување. Заедно со Економскиот и инвестициониот план, регионот се согласи да се создаде заеднички регионален пазар. Ова е витален елемент на Планот. Потребни се нови патишта, подобрени железнички пруги, обука на работници со вештини, отстранување на технички и административни бариери, долги царински проверки, технички пречки во трговијата. Значи, да го надградиме веќе постигнатиот напредок и да го искористиме целиот потенцијал од Економскиот инвестициски план и Заедничкиот регионален пазар, порача Вархеји.

Тој подвлече дека од сега па до крајот на годината постојат значителни можности да се зајакне соработката и да се даде нов импулс.

-Самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела ќе ја потврди нашата посветеност кон регионот. ЕУ им обезбеди на нашите партнери од Западен Балкан неспоредлив пакет за поддршка од 3,3 милијарди евра за време на кризата КОВИД-19. ЕУ финансираше или донираше речиси 2,8 милиони дози за Западен Балкан, а уште 1,7 милиони вакцини пристигнаа преку КОВАКС. Се разбира, треба да напредуваме и кон пристапните преговори. Пакетот за проширување на Комисијата оваа есен е важен момент за да се оценат земјите од регионот колку тие ги исполниле своите обврски. Тоа е, исто така, потсетник за земјите-членки да го исполнат своето, рече еврокомесарот.

Кога станува збор за Албанија и Северна Македонија, додаде тој, едноставно можам да ги повторам зборовите на Фон дер Лајен: Сакаме да видиме како Советот е согласен за преговарачките рамки што ќе му овозможат на словенечкото претседателство да ги свика првите меѓувладини конференции. Двете земји ги исполнија договорените предуслови, а ЕУ треба да испорача.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.