„Вашингтон пост“, еден од главните американски дневни весници, ја укина претплатата за пристап до својата онлајн содржина за читателите од Русија и Украина, соопшти денеска изданието.
Весникот отвори и свој канал на руската социјална мрежа Телеграм, каде се споделуваат содржини од известувањето во живо за војната во Украина, се наведува во Телеграм каналот на изданието.
Во Русија, по инвазијата на Украина, беа затворени неколкуте преостанати независни медиуми, а новинарите кои работеа во нив ја напуштија земјата. Оние кои работат се под строга воена цензура. Војната во Украина не смее да се нарекува војна туку „специјална воена операција“, во спротивно физичките и правните лица се соочуват со драконски казни до 15 години затвор.
Социјалните мрежи, блогови и форуми се под 24 часовен надзор на специјални служби на руските безбедносни сили.