Вашингтон: Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изрази загриженост поради напорите на владата на Нетанјаху да ја спречи работата на Ал Џезира во Израел.
Ние веруваме во слободата на печатот. Тоа е критично. Тоа е критично важно, а Соединетите Американски Држави ја поддржуваат критично важната работа на новинарите ширум светот, вклучително и оние кои го покриваат конфликтот во Газа“, изјави портпаролката.
Кусо време откако израелскиот Кнесет го одобри законот за непријателски медиуми, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека ќе преземе итна акција за да го запре емитувањето на катарската телевизија Ал Џезира во Израел.