16 годишниот син на Мајкл Џексон, Принц Мајкл се вработи како репортер во емисијата „Entertainment Tonight” и веќе направил интервјуа со членовите на филмската екипа „Оз големите и моќни“- Џејмс Франко, Жак Бреф и режисерот Сам Раими.
“Се надевам дека еден ден ќе станам продуцент, режисер, сценарист и актер“, изјавил Принц Џексон.
Принц Мајкл Џозеф Џексон е најстарото дете на покојниот крал на поп музиката. Тој има две сестри – Париз и Бленкит.
И Париз веќе ја започна својата актерска кариера минатата година во филмот “Lundon’s Bridge And The Three Keys“.