Вдовицата на еден од најпрепознатливите политичари од минатото, Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ, објави автобиографија напишана на 1000 страни, во која зборува за детството, бракот со Слободан и моќта и падот на нејзиниот сопруг, пишува БалканИнсјат.
„Било је овако“ (Вака беше), е името на книгата, која таа ја издава по 15 години молк, а според издавачите, таа книгата ја издава со цел да ја исполни последната желба на Милошевиќ.
Книгата од денеска е во продажба во Србија.
– Сигурни сме дека ова дело од два тома и симболичен наслов дека “ќе го фати окото“ на читателите, велат издавачите на книгата.
Таа во книгата зборува за љубовта со Слободан Милошевиќ., за нивните деца, за тешкото издигнување на врвот и за уште потешкиот пад.
Мирјана Марковиќ книгата ја завршува со смртта на нејзиниот сопруг и нејзиниот живот во прогон во Москва.
Слободан Милошевиќ својата моќ ја стекна во 1987 година, а потпирајќи се на национализам, стана претседател на Федеративна Република Југославија во 1997 година. Тој Србија ја водеше во војна со Хрватска, Босна и Херцеговина и Косово.
Во 2000 година, неговото владеење заврши со масовни протести на улиците во Белград на 5.октомври, кога падна неговиот режим.
Една година подоцна Слободан Милошевиќ беше уапсен по наредбан а тогашниот премиер Зоран Џинџиќ, а потоа стана и првиот европски лидер кој беше обвинет за геноцид и воени злосторства.
Милошевиќ почина во март 2006 година од срцев удар во затворот во Хаг.
Неговата вдовица во тоа време важеше за една од најмоќните жени, а во дипломатијата се веруваше дека таа била главниот советник на Слободан. Во 1994 година таа основаше своја партија, наречена Југословенска левица (ЈУЛ).
Таа сега живее во Москва со нејзиниот син Марко, додека ќерката Марија живее во Црна Гора. За секој од нив има потерница во Србија за корупција, злоупотреба на службената положба за нелегално поседување на оружје, и за перење пари.
И покрај барањата на Интерпол, Русија одби да ја спроведе во Србија под изговор дека нејзиното семејство има цврсти врски со земјата.
Името на Мирјана Марковиќ се поврзува и со убиството на новинарот Славко Чурувија, кое се случи во Белград во април 1999 година. Таа ги одби таквите обвиненија.
Неговата ќерка тогаш, тврдеше пред судот дека татко и бил убиен непосредно по разговорот со Марковиќ кој не завршил добро.
Марковиќ сега има 73 години, таа беше професорка на Белградскиот универзитет, како доктор по социологија.
Таа е почесен член на руската Академијата на науките и уметностите.