Четвртото издание на „Вечери на женски права“ во Кинотека на Македонија, кое ќе трае од 8 до 10 март, има цел да понуди културна алтернатива во одбележувањето на меѓународниот Ден на жената за напредокот на женските права и родовата рамноправност.
Овој настан е плод на соработката на канцеларијата на „UN Women“ од Скопје, Универзитетот ЕСРА и Институтот за родови студии на Филозофскиот факултат при УКИМ . Покровител е градот Скопје.
Темата на четвртото издание на „Вечерите на женски права“ е претставувањето на сликата за/на жената во медиумите и во рамки на оваа тема ќе бидат прикажани три документарни филма од поновата светска продукција, проследени со дискусии, изложба и поетски перформанс