НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва, конечно нова песна за Евровизија

0
By on March 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата песна е дело на Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а за текстот е заслужна пејачката Магдалена Цветкоска – Ена, додека зад делот на Есма, како комплетен автор стои Симеон Атанасов

“Пред да се раздени“ е името на песната што ќе не претставува на овогодинешниот Евросонг. Новата песна е дело на Лазар Цветквски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а текстот е на Магдалена Цветкоска – Ена, додека зад делот на Есма, како комплетен автор стои Симеон Атанасов.

„Направен е спој што до максимум ги извлекува вокалните можности на Есма и Лозано. Оваа песна е модерна со примеси на ромска музика по која Есма е насекаде во светот препознатлива како уметник. На овој начин се спојуваат два различни стилови во еден производ достоен за наше претставување на Евросонг. Името на Есма, нејзиниот квалитет во изведувањето на ромската музика познат во светски рамки, со одличниот вокал на извонредниот Лозаноски ќе биде одличен начин за наше претставување во Малме„, истакна Љупчо Мирковски, шеф на делегацијата за Малме од МТВ.

Овогодишниот музички натпревар за Евровизија ќе се случува во третиот град по големина во Шведска, Малме. Евровизискиот избор ќе се одржи на 14, 16 и 18 мај во мултифункционалната Арена Малме која има капацитет за 15 000 гледачи концерти и 13 000 за спортски натпревари. На 58 по ред издание на Еврвизија, музичките сили и гласовните способности ќе ги измерат 39 земји од Европа. Нашите претставници, Влатко Лозановски и Есма Реџепова ќе настапат на втората полуфинална вечер.

„Верувам во „Пред да се раздени“. Во песната максимално доаѓаат до израз моите и вокалните способности на Есма и сигурен сум дека одлично ќе ја претставиме Македонија во Шведска. Во наредниот период ќе бидеме сконцентрирани на осмислување на сценскиот настап и на нашата изведба таму“, изјавува Лозано.

„Како докажан профсионалец, и познвач на правилата на ЕБУ, целосно се согласувам со одлуката на МРТ за промена на песната, што го гледам како нејзино право, кое и е овозможено со закон. Беше почитувана желбата на граѓаните на Македонија и по нивна сугестија се прифати нова песна. И мене лично многу ми значи мислењето на мојот народ, затоа што овој ист народ е заслужен што јас сум денес големо име. Песната е спој на модерното и традиционалното, по мое мислење, нешто што ќе ја запали Европа. Очекувам добар пласман и голем успех за Македонија“, вели Есма.

Македонската верзија на песната која го носи насловот „Пред да се раздени“, гледачите ќе имаат можност да ја слушнат денеска, во Дневникот, во 19:30 часот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.