Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски по повод масакрот во Орландо, испрати писмо со сочувство до амбасадорот на САД во Македонија,Џес Бејли.
Во писмото се вели:
„Ваша Екселенцијо,
Со жалење ги примивме вестите за ужасниот чин на терор во Орландо, кој одзеде 50 животи.
Длабоко сме засегнати со загубата, особено имајќи предвид дека животите се одземени во акт на радикализам и омраза.
Мислите и молитвите на Либералите, и на македонските граѓани се особено со семејствата што претрпеа ненадоместлива загуба, како и со сите Американци. Исто така, посакуваме брз закрепнување на сите повредени жртви.
Господине Амбасадор,
Заедно сме во овие тешки моменти во кои се нападнати вредностите што ги споделуваме.
Убедени сме дека нацијата ќе се опорави од оваа трагегија од ваков вид со досега најбројни жртви, а инспираторите на овој криминален чин ќе се соочат со правдата“, вели во своето писмо Величковски.