Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велиу: Бевме избркани од Левица бидејќи не сакавме да дадеме поддршка на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Marta Pesevska on November 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Преземањето на Левица од страна на Апасиев започна на 3 февруари 2019 година, кога на последната легална седница на централниот комитет, на која разговаравме за претседателските избори, Апасиев предложи Левица го поддржи претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Џејлан Велиу, поранешна членка на претседателството и една од основачките на Левица за меѓународниот левичарски портал „Јакобин“.

 

Таа додава дека и неколку месеци претходно, Апасиев давал поддршка и изјави на десничарски иницијативи, без никаква консултација со партија, поради што се зголемила недовербата на членовите кон него.

„Исто како и претходните предлози и предлогот за поддршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ не помина на централниот комитет, бидејќи Левица не беше формирана за да трча по коалиции со буржоаските партии, туку да понуди програма која ќе ги обедини работниците“ изјави Велиу.

Таа додава дека од тој момент започнал процесот за нелегално преземање на партијата од страна на Апасиев, преку злоупотреба на партискиот печат.

„Апасиев фалсификуваше десетици документи, одлуки и записници од состаноци што никогаш не се одржаа. На тој начин, без почитување на статут или право, тој ја фалсификуваше структурата на партијата и тие лажни документи ги достави до судот“ рече Велиу.

Како што објаснува таа со ваквите документи, Апасиев фалисификувал оставки на четворица од седуммината членови на претседателството на партијата, по што дури и ги променил бравите на канцелариите на Левица во Скопје.

„Левица денес е партија без јасна идеологија или политичка програма. Не е ништо поразлична од останатите буржоаски партии. Не ги претставува интересите на работниците, туку е дел од системот. Оваа партија сега нема цел да ги доближи етнички разделените луѓе, туку да ги наруши односите меѓу работниците од различни етнички заедници. Претставувајќи се како единствена партија која се бори за националните интереси на Македонците, новото лидерство често користи национал-шовинистички изјави“ изјави Велиу.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.