Љубомир Косотвски: Вечерва се одржа трибина на МТВ со учество на кандидатите за градоначалници за Центар.
Во дискусијата и велосипедите дојдоа на дневен ред.
Актуелниот градоначалник спомена дека тој користи исклучиво велосипед и дека нема потрошено ниту денар за трошење на бензин и не земал никогаш дневница.
Противкандидатот Лабудовиќ, инаку заменик министер за енергетика ,(тоа е новооснованото министерство!), мораше да признае дека користи автомобил ама тоа се должло на дрес кодот на кој морал да внимава … Упс.
Противкандидатката Билјана Ивановска, екс-претседателката на Антикорупциска, префрли дека актуелниот градоначалник се фали?!
Па тоа значи и дека таа во својот мандат во кој постојано возеше велосипед и секако предизвика симпатии во јавноста тоа го правела заради фалба?!!
А баш беше симпатичо за еден функционер да се одлучи за велосипедот. Излезе инаку дека таа има два автопмобили и две паркинг места, што веројатно и припаѓа, а таа комоција ја има со реконструкцијата на нејзината улица што неодамна ја направил токму Горан Герасимовски и така добила „комоција“.
Посебно комичен беше Лабудовиќ кој извлече од тефтерот цртежи, (иулустрации), на три велосипеди што ги посдувал Герасимовски .
Абре заменик министре, тоа е прво лична сопственост, а само по себе покажува дека возењето велосипед е семејна навика.
Важно е дека не троши бензин и не ја загадува околината. Е па овие детали се битни во креирањето на впчатокот!…
Извор: Фејсбук