Поранешниот министер за здравство Венко Филипче победи на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ.
По обработени 74 од 77 избирачки места, Филипче освои 8.474 гласови што е околу четири пати повеќе од Јован Деспотовски за кои гласале 2.291 гласачи, додека пак Александар Бајдевски освоил 868 гласови.
Веднаш по затворањето на избирачките места, Бајдевски реагираше на малата излезност и порача дека тоа е поради немањето отчетен Конгрес и избрзаниот како што рече изборен процес.
Деспотовски пак најави приговори и обвини дека над 10 000 социјалдемократи кои се регистрирале за гласање не можеле да гласаат.