Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква Пресвето Срце Исусово во Скопје со каде велигденска воскресна литургија.
Бискупот скопски и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита велигденската порака.
Велигден е врв на празнувањето во христијанските заедници, но тоа не е само прослава на верниците, туку е моќна порака што добива космички димензии. Бог ни го откри значењето на целиот Универзум, што е најголемата димензија на материјата, нејзиното божество, а најголемиот опсег на човекот е победата над смртта и вечниот живот во таа божествена материја. Христос Воскресе, рече бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов.