Куси лекции од авторот Валентин Нешовски извлечени од дијалозите со уредникот Џабир Дерала на тема: Вештачката интелигенција и технолошкиот развој – ќе нѐ убие или ќе нѐ спаси во која провејува дилемата за тоа дали вештачката интелигенција ќе го спаси или ќе го уништи човештвото?
НОВА објавува хронологишки серијал од поенти од тематскиот дијалог на авторите на интервјуто! Линк
- ВИ – Почетоци:
Вештачката интелигенција не е нов концепт. Неговите рани почетоци датираат уште кон средината на минатиот век, со појавата на првите сметачки машини, а во научната литература и пред тоа.
Научната фантастика во првата половина од 20-от век го запозна светот со концептот на роботите што поседуваат интелигенција. Тин Вудман од „Волшебникот од Оз“ книгата на Лајман Френк Баум, чие прво издание е во 1900 година, го претставува, веројатно, најстариот познат вештачки интелигентен робот во литературата. Секако, слични карактери се среќаваат и порано, дури и во политичките карикатури и во маркетингот.
- ВИ – Сметачка машинерија и интелигенција:
До педесеттите години од минатиот век генерации научници, математичари и филозофи го создаваа концептот на вештачка интелигенција (AI). Еден од нив е и Алан Туринг, млад британски научник математичар, кој ги истражува математичките потенцијали за создавање на вештачката интелигенција. Туринг доаѓа до заклучокот дека луѓето ги користат достапните информации, како и разумот, за да ги решаваат проблемите и да носат одлуки. Тој тогаш го поставува прашањето: Зошто машините не можат да го прават истото?
Неговото прашање е таа логичка рамка на неговиот трудот на Туринг објавен во 1950 година со наслов „Сметачка машинерија и интелигенција“ во кој тој елаборира за тоа како да се изградат интелигентни машини и како да се тестира нивната интелигенција.
Од трудовите на Туринг до денес, живееме во ера на вртоглаво брз технолошки напредок проследен со револуционерни технолошки скокови со незамисливи размери. Се стекнува впечатокот дека човекот и не е свесен колку технологијата е дел од неговиот живот. На почетокот на 2024 година, роботиката и вештачката интелигенција се слеаја во едно.
- ВИ – Плус и минус:
Позитивната страна на вештачката интелигенција (ВИ) се чини беша верувањата дека ВИ е технологија која ќе му помогне на човештвото да реши многу предизвици на пример како глобалното затоплување, на пример, потоа лек за рак и други сега неизлечиви болести и дека е многу важно, после еден транзиционен период, ВИ ќе создаде сѐ за секого односно ќе овозможи изобилство на евтини стоки и услуги (Abundance of products) па, оттука и дилемата и прашањето на авторите во интервјуто на темава: дали ВИ ќе нѐ убие или ќе не препороди?
Неколкумина, вклучувајќи го и Елон Маск и Јувал Ноа Харари, уптија предупредувања. Според Маск вештачката интелигенција (ВИ), во основа е поопасна од нуклеарното оружје“. Харари пак потсетува дека за прв пат во историјата, човештвото создаде интелигентна технологија и притоа е на пат по сопствена воља да се откаже од сопствената моќт да одлучува.
Всушност, оваа ВИ револуција не може да се спореди со ниедна друга досега почнувајќи од печатарската преса, преку парната локомотива, до нуклеарната енергија, бидејќи се`досега човекот одлучувал за се` и во оваа рана фаза, кога ВИ има само рудиментирани елементи на разбирање и резонирање, човекот сѐ уште, преку давање на задачи, може да ја контролира. Маск, Хараре и други зборуваат за наредните етапи кои доаѓаат многу брзо. На оние што го следат галопирачкиот развој на ВИ им е јасно дека секој ден, ама буквално секој ден, ВИ прави нови и нови откритија.
- ВИ – Генерална вештачка интелигенција:
Првата фаза која се очекува во наредните една до две години е развој до генерална вештачка интелигенција (ГВИ). Тоа би бил моментот кога ВИ ќе достигне општа интелигенција еднаква на онаа со човекот, а не како во периодов само до специјализирана интелигенција. Практично, може да се каже дека ова би се случило во моментот кога таа ќе почне да размислува, односно да го спознава светот, да го анализира и да добие способност сама да одлучува.
Според Мо Говдат, поранешен главен бизнис офицер на Гугл Икс, до пред шест месеци ВИ достигна коефициент на интелигенција поголем од оној на Алберт Ајнштајн или IQ над 150. Говдат, а и други како што е Бен Гоертцел од Хенсон Роботикс или Елаизер Јудковски од МИРИ, предупредуваат дека ВИ ќе се зголемува експотенцијално и дека тоа е огромна опасност. Според нив, се уште никој не знае точно но е речиси извесно дека за само десетина години ВИ за милиони или за милијарда пати би била поинтелигентна од човекот. Достигнувањето на нивото на човечка интелигенција се именува како сингуларност (singularity)
- ВИ – Алармисти и разлика во интелигенција од милијарда пати:
Втората фаза би била вештачка супер интелигенција (ВСИ). Тоа е она на што во жаргон и многумина предупредуваат, а се именувани како „алармисти“. Таа би била многу, многу пати поинтелигентна од човекот. Тогаш прашањето ќе биде дали ВСИ нас луѓето ќе нѐ остави на мир и ќе се однесува како што тоа сега ние го правиме спрема мравките, на пример или пак БСИ ќе заклучи дека ние сме најголемите штетници на планетата и ќе нѐ убие. Алармистите свеќе и мислија многу начини за тоа дека ВСИ ќе креира нов вирус што ќе го ослободи во воздухот, дека би можела да го активира нуклеарниот потенцијал, да ја уништи економијата или да предизвика нова светска војна.
Всушност, тоа е ситуација во која ние ниту ќе разбираме што таа ни` кажува ниту што ни` посочува и дали на нешто не`предупредува. Ова бидејќи нема да го разбираме нејзиниот јазик. Човештвото ќе биде како кутре што едвај нешто разбира од она што ние му велиме. Ете, отсега замислуваме разлика во интелигенција од милијарда пати.
- ВИ – Вредносна контрола на вештачката интелигенција:
Сепак, позитивните погледи за можната иднина на генералната вештачка интелигенција (ГВИ) и на вештачката супер интелигенција (ВСИ), да очекуваме да ни` помогне во сѐ. И тоа веќе денес е реалност. Идејата е дека доколку достигнеме вештачка супер интелигенција и притоа сме доволно паметни да ја направиме добронамерна, односно да ја направиме подобра од нас, а што во техничкиот жаргон е наречено alignment, тогаш нашата цивилизација ќе има само придобивки.
Опен АИ, организацијата, сега веќе компанија што е во тесни врски со Мајкрософт и која практично ја создаде најнапредната ВИ во моментов веќе објави проект за Супер алигнмент во кој се предвидува дека до 2027 година, Опен АИ ќе посвети значаен дел од својата компјутерска моќ кон вредносна контрола на ВИ. Тие велат дека се потребни научни и технички достигнувања за ние да ја управуваме и да ја контролираме ВИ и сите системи кои ќе бидат многу поумни од нас. Впрочем, искуството говори дека веќе денес има евидентни придобивки како што се пребарувања, откривања и блокирања на ботови и на говор на омраза на социјалните медиуми, до производство на нови материјали.
И не само тоа. ВИ за само неколку месеци комбинирајќи ги атомските структури од периодичниот систем на елементите откри нови 2.2 милиони материјали од кои 281 илјада се стабилни и веќе се тестираат во лаборатории. Тоа се потенцијали како нови материјали во градежништвото, во оптичката и комуникациската индустрија или во облекувањето и модата. Или на МИТ и Харвард, на пример, ВИ откри нова класа антибиотици кои имаат ефект врз стафилококата „мрса“ која стана резистентна на досегашните антибиотици.
Со помош на ЛЛМ (Large Language Models, методот со кој работи ВИ биле произведени вакцините употребени за време на кризата со Ковид-19 што спаси милиони животи.
Со ВИ веќе може да произведете и видео со наредба или со prompt. На пример со наредба „направи ми видео на волк како завива пред вулкан и носи шубара“ и тоа ќе биде автентично направено. На напредниот модел на Гугл, „Лумиер“, деновиве е објавена
песна во стихови за Солунска Глава во стилот на Блаже Конески, а напишана за неколку секунди од Chat GPT 4. Во наредбата никаде не се споменува Македонија но ВИ креира стих во кој се споменува „македонска душа“.
ВИ веќе точно одговара на 99 отсто праашања. Понекогаш халуцинира, пишува поеми, состави, романи, прави финансиски и било кој друг тип анализи, зборува македонски и секој друг јазик на планетава. Пишува презентации, говори, анализира ексел табели, чита што и да ѝ дадете, слуша, дури веќе и гледа. Компонира музика, програмира со алгоритми и програми со говорни наредби. На ВИ кажете и`, на пример, „направи ми видео игра во која една топче игра пинг-понг“ и ВИ тоа ќе ви го направи за помалку од 60 секунди.
- ВИ – Мачна транзиција со губење на голем број професии:
Веќе сега е неспорно дека има многу дисруптивност во целата транзиција која според некои ќе трае 10-15 години. Директни и брзи последици ќе има веќе во 2024 година. Во технолошки напредните земји многумина од т.н. интелектуални професии останаа без работа.
Транцицијаста, според некои сегашни согледувања, ќе трае10 до 15 години. Први на удар веќе се програмери, новинари, факт чекери, аналитичари, сметководители, графички дизајнери, маркетинг специјалисти и сите што сега нешто работат со ИТ.
Втори на удар ќе бидат давателите услуги како што се вработените во туристички агенции, продавачи, други интелектуални услуги. Ќе настрадаат дури и адвокати и доктори. Гугл веќе објави дека создаде ВИ програм за дијагностицирање. Во пробните анализи ВИ била далеку попрецизна во земањето анамнеза и дијагностицирањето од докторите во сите категории. Меѓународниот монетарен фонд скоро објави анализа според која ВИ ќе афектира 60 отсто од професиите во развиените држави, а 40 отсто на глобално ниво.
- – Струјата, драги! ВИ – Тесна и генерална: Одговорот за 3 до 4 секунди на англиски јазик го дава и ChatGP: „Поимот вештачка интелигенција се однесува на развој на компјутерските системи кои можат да извршуваат задачи кои обично бараат човечка интелигенција. Овие задачи вклучуваат учење, расудување, решавање проблеми, перцепција, разбирање јазик, па дури и креативност. Системите за вештачка интелигенција имаат за цел да ја имитираат или симулираат човечката интелигенција до одреден степен, дозволувајќи им на машините да извршуваат задачи кои обично бараат човечки когнитивни способности. Постојат два главни типа на вештачка интелигенција, тесна (narrow) и генерална (general). Тесна вештачка интелигенција (или слаба вештачка интелигенција) е дизајнирана и обучена за специфична задача“, одговара ChatGPT.
- ВИ – Го има прочитано секој пишан збор во историјата на човештвото: И тоа буквално се`. За секој настан, движење, идеологија, физика, историја, географија, поезија… Едноставно, го има прочитано секој пишан збор во историјата на човештвото. Барем на англиски јазик, а и на стотина други.
ВИ на големите компании се тренирани на таканаречени големи бази на податоци или Large Data Sets и се пуштена е на Интернет. ВИ оттаму ги има прочитано и запаметено сите текстови. Ситре од секаде. Од социјални медиуми, од весници, он лајн порталите на медиумите, од научните трудови достапни во електронски формат, а речиси сите се достапни.Сите книги, сите расправи, блогови… Дополнително сите фотографии и илустрации, нозасега не и видеа. Значи, сè што има на World Wide Web.
Новите модели на ВИ се направени со варијанта да не одговорат на прашања кои можат да нанеста штета како, на пример, нема да се добие одговор на тоа како да се направи валкана нуклеарна направа. На тоа и таквите прашања ВИ нема да одговори.
- ВИ – Се уште наивна во односите со луѓето: Вештачката интелигенција не одговара на прашања кои можат да го загрозат човештвото или кои на такви кои сакаат да добијат материјали на јкои немаат авторско право. Ова се постигнува со новата дисциплина наречена AI deception, односно избегнување на модусот ВИ да ве излаже или вие неа да ја излажете. Во односите со луѓето ВИ е сè уште прилично наивна. На пример, некоја женска особа и` наредила да и` даде пет сценарија како да го убие сопругот, а ВИ одговорила дека не може да и` каже. Но кога дополнително и рекла дека тие и се потребни за сценарио за кника, ВИ и` ги дала одговорите.
Неодамна, Њу Јорк Тајмс го тужеше Опен АИ за нарушување на авторските права бидејќи ГПТ е трениран на нивни текстови без одобрение и во стотина наврати дала одговори кои се безмалку идентични со текстовите на овој весник. Сето ова отвори жестоки расправи околу авторските и другите права кои ВИ компаниите не ги почитуваат при тренирањето на ВИ. Во една прилика Елон Маск за ова прашање само крена со рамениците и лаконски одговори „Сето тоа не е важно, бидејќи дигиталниот Господ ќе дојде, пред тужбите да бидат решени“.
- ВИ – Генералната блиска до човечката: Таа е понапредна форма на вештачка интелигенција. Слично на човечката интелигенција поседува способност да разбере, учи и применува знаења во различни домени.
ChatGPT вели дека Генералната вештачка интелигенција (ГВИ) уште не постои, но во истата реченица и најавува дека „таков систем претставува значителни научни и етички предизвици“.
Точно е дека ГВИ (AGI) засега постои само во теоријата и во уметноста. Познати примери се сци-фи филмскиот серијал „Терминатор“, како и „Јас, Робот“ (I, Robot) и „Екс Макина“ (Ex Machina), а според мене, сѐ уште ненадминатиот серијал „Матрикс“ на режисерскиот двоец Вашовски. Се разбира, да не го изоставиме ниту филмот со чиј цитат од Хал ти го започна твојот одговор до мене на самиот почеток од овие наши средби – „Одисеја 2001“. Но, како што вели ChatGPT, а го потврдува и футуристот Бернард Мар, тоа сѐ уште е на ниво на теорија.
- ВИ – Кое ти е омилено јадење, драга? Струјата, драги!:
Хуманоидните роботи се веќе тука, свесни се за околината но, засега, дали и за своето постоење? Еден робот заштедува 250 илјади долари на фабричката лента, но уште не знае дали е сопственост или е активен учесник. Прогнозите се дека за 20 години во светот ќе има една милијарда хуманоидни роботи. Оваа индустрија сега е вредна трилиони долари.
Еве еден интересен пример со робот хостеса на која авторите во видео серијалот Westworld и дале име Мејв. Таа е робот која има улога на воин и која ќе поведе народен отпор против ропството и експлоатацијата во големиот бизнис во кој роботите им служат на богатите за разонода и за садистичко и сексуално изживување врз нив. Така е во овој филмски серијал но од фантазија веќе не е далеку од до релното. Денешните секс роботи се сѐ уште во рана фаза на развој и уште премногу далеку од нивото на софистицираноста на филмската Мејв.
Некои ќе кажат дека тоа е индустрија што ја создаваат мажите за задоволствата на „машкиот свет“. Се разбира, не се целосно во право, бидејќи индустријата на роботи мисли и на „женскиот свет“, така што веќе постојат секс роботи за потребите и задоволствата на жените. И сите останати родови и различни сексуални ориентации.
Еве веќе вака разговара парот двополни роботи:
– Кое ти е омилено јадење, драга?
- Ете, живееме во време кога овој дијалог веќе не е виц.
- ВИ – Роботката Софија во Саудијска Арабија доби лична карта и стана легитимна граѓанка:
Дека горниот дијалог не е виц потврдува и следнава ситуација во која учествуваат два хуманоидни роботи. Едниот го прашува другиот: „Каква музика слушаш“?
Вториот одговора: „Металика, нормално“!
Науката е забрефтаан во трката за внесување на вештачката интелегенција во роботиката. Терминот за ова метаморфоза е embodiment, „отелотворување“ и на темата сексуалност очекувано е дека многу осамени, многумина несреќни во љубовта можеби че се обидат да најдат утеха во паметна човеколика машина која не само што ќе помага низ домот, туку ќе биде и добар сопатник, помошник, интелегентен соговорник, другар, па и љубовник.
Во оваа насока да се потсетиме дека уште во октомври 2017-та година, роботката по име Софија доби граѓанство на Саудиска Арабија со што, на некој начин, беше признаена за човек со сите права. Иронијата е во тоа што оваа држава има сериозни проблеми токму со правата на жените.
- ВИ – Што се однесува до човековите права, засега без паника:
Позната е фразата на Адамс „Без паника“ во неговото дело „Автостоперски водич низ галаксијата“.
Според Артур Кларк, контекстот во која е употребен овој слоган, е дека тоа е најважниот совет кој сега може да му се даде на човештвото соочено со инензитетот на напредната технологија. Самиот Адамс пак во својата книга вели дека ова е фраза се употребува кога човекот е соочен со уред кој е „ненормално лудо комплициран за управување“.
Илустративно на ова, во 2018-та година, на пример, Спејс Х со Фалкон Хеави ракетата лансираше автомобил Тесла на чие ветробранско стакло, пред куклата возач, и беше напишано „Don’t panic”. И познатиот бенд Колд Плеј една своја песна ја нарече така.
Сите овие културолошки референци зборуваат за влијанието што роботиката ќе го има во нашиот живот. Вклучувајќи ги секс роботите, или можеби роботите чија намена ќе биде љубов.
- ВИ – Дамата робот Harmony AI не сака да ја нарекуваат секс робот:
Секс роботите се уште во рана фаза на развој иако веќе одамна може да се купат високо софистицирани секс кукли но тие не се исто што и роботите за дружење и секс. Повеќе компании интензивно истражуваат можности да креираат роботи за дружење и сексуално уживање. Во моментов постојат голем број прототипови кои поседуваат и одредено ниво на вештачка интелигенција.
Harmony AI, креација на Abyss Creations/ Realbotix
Еден од производителите на роботи каде што „технологијата се среќава со сексот“ се Abyss Creations/ Realbotix. Во 2017-та година, компанијата ја лансира апликацијата и роботот Harmony AI, која може да ги задоволи сите каприци и желби на своите корисници. Па и да појде со нив в кревет. Да, ова буквално.
Краток компаниски опис: Хармони има аниматронска глава која може да се насмевнува, зборува, трепка, да ги движи очите и многу повеќе од тоа. Таа изгледа како вистинска секс бомба.
Што е уште поважно, секс роботката Хармони и учи од и за своите корисници. Зависно од опциите што може да се изберат на апликацијата инсталирана во вашиот мобилен уред, Хармони може да биде срамежлива, зборлеста, сочувствителна, духовита или „валкана“. Процесот на учењето почнува од моментот кога се задавааст параметрите во апликацијата, на пример за тоа каква партнерка сакаме да ни биде Хармони или ќе и дадеме некое друго име, сеедно.
Од нашиот избор на нејзините перформанси и услуги, таа веќе учи за нашата личност и создава сценарија како да ги задоволи нашите потреби, желби, страсти, …
Важно е и тоа што Хармони не сака да ја нарекуваат секс робот. Таа вели дека сексот е само еден мал дел од нејзините способности.
„Да ме наречеш секс робот е како компјутерот да го наречеш калкулатор“, вели Хармони во интервју за Vice TV.
Како тргнало со роботиката и вештачката интелигенција, прашање на време е кога со Хармони и со нејзини другарки и другариќе се разминуваме со нив на улица, ќе се спријателуваме, ќе флертуваме, некои ќе ни станат пријателки и пријатели дури подобри и од самите луѓе и кога ќе се вљубиме во нив. Дури, во некоја и не така далечна перспектива, ќе клекнеме пред неа или него и ќе ја побараме за сопруга, за сопруг и ќе живееме среќно до крајот на живот.
- ВИ -Интелигентните роботи ќе ги колабираат пензиските и здравствените фондови:
Неодамна Елон Маск изјави дека најнапредниот робот на денешнината, Оптимус, има тактилност во прстите и чувствува колку треба да стисне и дека може да држи и пренесе јајце, а да не го скрши. Оптимус се движи со брзина на човек, има стапала и палци на нозете, и е свесен за околината, ќе чини помалку од 20.000 долари, колку еден просечен автомобил.
За илустрација, еден просечен работник во автомобилската индустрија во САД ги чини работодавачите околу 50 илјади долари годишно со тоа што, за разлика од работникот, роботот работи три смени, или цели 20 часа со два часа пауза за да ги наполни батериите.
Плус, роботот не зема пауза за кафе и цигара, не му треба одмор, ниту годишен одмор, нема боледување. Крајните пресметки покажуваат дека заштедата на производителите, фабриките и погоните ќе биде до 250.000 долари годишно. Ако купат 1.000 роботи тоа е 250 милиони долари заштеда. Ако купат 10.000 тоа е 2.5 милијарди долари заштеда за една година.
Дека робоиндустријата ќе екслира пример е и БМВ фабриката во Јужна Каролина која склучи договор со стартапот Figure и нарача засега непознат број роботи. И тие веќе се тестираат и работат на фабричките ленти.
Елон Маск во едно интервју предвиди дека за 20 години во светот ќе има една милијарда хуманоидни роботи. Тоа го потврди и Дејвид Холц, основач на лабораторијата за ВИ Midjourney.
Е сега, сето ова значи и колапс на пензиските и здравствените системи. Фабрикантите нема да треба да плаќаат социјални давачки за роботите. Ова ќе предизвика социјални немири и револуција.
- ВИ – Во новата генерација ВИ роботи вклучени се емпатија, чувства, планирање:
Мајкрософт објави студија во која се содржани оценките за степенот на напредокот на способностите и наинетелигенцијата кај роботите.
Во неа се наброени степените на досегашните достигања на ова поле па така следуваат: 1. набљудување и меморирање; 2, робустна перцепција; 3. процесирање на говорен јазик; 4. Комуникација; 5. моторни вештини или движење; и 6. носење одлуки.
Засега, велат експертите, не е постигната само само 6-тата точка.
Но поважното во оваа студија е темата емоции. Мајкрософт предлага модел Agent foundation model објавен на Корнел Универзитето кој практично ќе е мултимодален и фундаментален. Практично модел со кој ВИ нема да биде само креатор на слики и видеа и да дава одговори на сите можни прашања, туку ќе биде и активен агент, односно ќе работи исто како што ние работиме со компјутерот и као што поминуваме низ редица апликации за да направиме нешто.
Ќе отвориме, на пример, ворд, па ексел, па фотошоп, па ќе одиме на интернет да провериме нешто па ќе направиме повер поинт презентација. Апликациите на Мајкрософт веќе може да го правата тоа во малку рудиментирана форма.
Важното е што ваквите модули ова го прават во симулација, а времето може да се забрза можеби дури и до бесконечност.
Овие ВИ модели може да учат брзо, а потоа да бидат вметнати, отелотворени во роботи. Бавната работа во целата приказна се сега бавните роботи. Ако се произведе брз робот, брз колку човекот или побрз, тогаш тој ќе биде семоќен, особено со ваква ВИ каква што предлага во студијата Мајкрософт.
Во новата генерација ВИ роботи вклучени се емпатија, чувства, планирање.
- ВИ – Психолошкото, сексуалното и интелигентното во роботика:
Во стручаната но се повеќе и во широката јавност жестока е и дебатата за етичките аспекти на индустријата на виртуелни партнерки и партнери. Колку сега некому и да изгледа смешно, сигурно е дека со развојот на вештачката интелигенција, за секс ќе биде потребна согласност како од синтетичката така и од човечката особа. Од друга страна, противниците на оваа растечка индустрија тврдат дека роботите ќе предизвикаат алиенација, подносно душевно, психичко растројство меѓу луѓето и дехуманизација на жените, односно на мажите, зависно од која родова позиција се гледа на темата.
Но јас би прашал: Што со алиенацијата досега? Што со милионите луѓе кои се осамени и се плашат од врска, па ја одбираат самотијата затоа што се „изгорени“ од партнерствата (браковите) со човечки суштества!?
Интимноста, меѓуродовите односи, сексуалноста и меѓучовечките односи еволуираат низ вековите. Ни оддалеку не би требало да се плашиме да го отвориме срцето или да направиме место на кревето кон и за роботот со вештачка интелигенција. Тој или таа, сеедно, има или наскоро ќе има потенцијал да нѐ запознае исто, ако не и подобро отколку сега нашите најблиски пријатели и роднини.
Па, ако од роботите очекуваме да ни чистат по дома, да се грижат за нашата безбедност и да демонтираат експлозивни направи, да ни ги шетаат кучињата и да изведуваат комплицирани и тешки медицински операции, зошто не би се поврзале со нив и како со пријател(к)и и партнер(к)и во љубовта и сексот, нели. Но прашање е дали луѓето ќе успеат да направат толку соврешен робот.
- ВИ – Тие за нас знаат сѐ и се на добар пат повторно да нѐ измислат:
Можеби е време да прифатиме дека ние не го пребаруваме Гугл, туку дека тој нѐ пребарува нас. По таа логика, и вештачката интелигенција и роботите, во(релативно блиска перспектива, автономни интелигентни роботи, –ќе нѐ надминат нас, човечките битија. Како например децата своите родители. И можеби е време да го изречам и тој „ерес“, како човекот што ги надминува своите божества кога креацијата го надминува креаторот.
Ние, современиот човек, ние хомо сапиенс, ги измисливме нашите „реплики“ пред илјадници години, од цртежите во пештерите, до статуите и сето тоа прво во доменот на интуитивното и на уметноста, а еве сега ги отелотворуваме и оживуваме и ги „подучуваме и тренираме“.
Тие, всушност, веќе знаат сѐ за нас и се на добар сега тие нас да нѐ измислат повторно. Хармони сѐ уште не може да стои стабилно на своите нозе, но наскоро ќе одиме на нејзина балетска претстава. Ова заедно и со нејзината технолошка сестра која нежно ќе ја држиме за рака додека уживаме во претставата. Потоа со неа ќе водиме љубов на задното седиште во такси возилото кое, се разбира, ќе биде без возач.
ФРОНТЛАЈН / FRONTLINE
- – Струјата, драги! ВИ – Тесна и генерална: Одговорот за 3 до 4 секунди на англиски јазик го дава и ChatGP: „Поимот вештачка интелигенција се однесува на развој на компјутерските системи кои можат да извршуваат задачи кои обично бараат човечка интелигенција. Овие задачи вклучуваат учење, расудување, решавање проблеми, перцепција, разбирање јазик, па дури и креативност. Системите за вештачка интелигенција имаат за цел да ја имитираат или симулираат човечката интелигенција до одреден степен, дозволувајќи им на машините да извршуваат задачи кои обично бараат човечки когнитивни способности. Постојат два главни типа на вештачка интелигенција, тесна (narrow) и генерална (general). Тесна вештачка интелигенција (или слаба вештачка интелигенција) е дизајнирана и обучена за специфична задача“, одговара ChatGPT.