НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВЕШТАЧКА ИТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ПОЧЕТНИЦИ: На брзата лента кон иднината – шести дел

0
By Marija Todorovska on March 14, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Куси лекции од авторот Валентин Нешовски извлечени од дијалозите со уредникот Џабир Дерала на тема: Вештачката интелигенција и технолошкиот развој – ќе нѐ убие или ќе нѐ спаси во која провејува дилемата за тоа дали вештачката интелигенција ќе го спаси или ќе го уништи човештвото? 

НОВА објавува хронологишки серијал од поенти од тематскиот дијалог на авторите на интервјуто! (Линк)

1.ВИ – Генерална, супер, вештачка интелигенција налик на човек, а Бог:

Ние, хомо сапиенс, сме навикнати да го толкуваме животот низ објективот на нашите сопствени идеи и мисли. Најчесто ги препознаваме формите на живот врз основа на нашата антропоцентрична интерпретација на светот и универзумот. Кога се обидуваме да дефинираме интелигенција или интелигентни форми на живот, нашето разбирање на светот станува уште потесно и поконзервативно.

На нештата им даваме наш, човечки лик, а потоа ги проектираме врз нас самите, како да се богови кои се неспоредливо поголеми и имаат неограничена моќ над нас и над сѐ што постои на овој и на сите светови и платформи на постоење, знајни и незнајни. На тој начин, успеваме да изградиме цивилизациски бедем на одбрана од апсурдот на постоењето. Бегство од несфатливата и студена бесконечност на Универзумот.

Така некако денес ја гледаме Вештачката интелигенција. Онаа „страшната,“ што станала или е на прагот од постанување сетилна. Генерална, супер, вештачка интелигенција налик на човек, а Бог?

Во свет каде што цели нации и армии сѐ уште убиваат во името на боговите или обоготворените диктатори, Вештачката интелигенција веројатно ќе се најде во позиција од која не ќе може да постапи поинаку, освен да нѐ поттурне кон амбисот кон кој сме упатени со полн трк. Кон неизбежната смрт на хомо сапиенс.

Дали сме во последната човечка ера во која веќе не сме единствените сетилни, свесни и разумно битија? Дали сме спремни да го прифатиме сопственото дело? Сите одговори зависат од тоа дали кон Вештачката интелигенција ќе пристапиме со мудрост, емпатија, далековидост и етичка консидерација. Во тој случај, можеме да очекуваме дека ВИ ќе му помогне на човекот да стане посреќно суштество, кое живее во благосостојба и во мир со себе и ВИ како партнер кој поседува дигнитет, вредности и автономија.2.ВИ – Тоа било погубно за сите, сега исчезнати, цивилизации, а може да означи и крај на оваа:

На едно поинакво плато на размислување, поблиску до популарното ниво на разбирање на светот, доволно е да утврдиме дека луѓето низ историјата покажуваат мрзеливост на духот и на умот, отсуство на волја да излезат од матриксот, од својата конфорна зона. Тоа било погубно за сите, сега исчезнати, цивилизации, а може да означи и крај на оваа. Повторно, заради човекот, а не поради ВИ. Луѓето, хомо сапиенс, сакаат да мислат за ВИ како што мислат за својот тостер. Впрочем, во филмските приказни така и ги нарекуваат роботите – тостери. Или лименки. И слично.

Знам дека овде на некој начин изгледа дека говорам како генералната вештачка интелигенција да е веќе постигната. Иако таа во овој момент (најверојатно) не е постигната, нејзиното раѓање е неминовно. Ако не бидат одговорени денес, овие прашања ќе се исправат пред човештвото со сета своја бруталност утре. Кога може да биде доцна. Ако веќе не е доцна и сега.

Блејк Лемоин, инженер во Гугл, тврди дека „видел“ дух во машините. Неговото тврдење упатува на тоа дека тој „дух“ самиот се развил и излегол од контрола. Еден од најексцентричните хипер богаташи во светот (втор најбогат човек на планетата), додека подготвува населување на Месечината и на Марс и мега индустриски зафати за производство на интелигентни роботи, предупредува дека „со ВИ го повикуваме демонот“?

Но истиот тој Маск не може да ја скрие својата амбиција да создаде услови да живее вечно, благодарение на роботиката и неуроимплантите со кои мозокот се поврзува со компјутерите.3.ВИ – Постепено пуштање на ВИ во јавната сфера, луѓето ќе се привикнат, ќе имаат добра основа за креирање сопствени програми:

Една од клучните битки кои се водат во моментов и меѓу филозофите и социолозите и меѓу инженерите и компаниите – а тоа е дали треба ВИ или ГВИ да биде Отворен модел или Затворен модел (Open Source VS Closed Source). Битката и на теоретско ниво е речиси изедначена. На практично ниво дури дојде до американските судови (Елон Маск, Тесла го тужеше Сем Алтман, Опен АИ) токму на оваа тема, иако има и други мотиви.

Отворен модел значи дека компанијата која има ВИ и би развила ГВИ (Генерална вештачка интелигенција) би го пласирала во јавност целиот пристап, заедно со научниот систем, податоците на кои е тренирана, начините за учење и самоучење на системот, можеби и начинот за самоусовршување, а можеби дури саморепродукција (self-replicating). Практично, сѐ освен пристап до ултраскапите компјутерски центри, кои имаат чипови ГПУс или ТПУс. Такви има и сега, типичен пример е ВИ на Мета, а деновиве и Грок на Елон Маск, кој за да успее во тужбата мораше да ја отвори неговата ВИ. Главниот научник на Мета, Јан Лекан, смета дека на тој начин (отворен модел) на постепено пуштање на ВИ во јавната сфера, луѓето ќе се привикнат, ќе имаат добра основа за креирање сопствени програми, компании, нови професии и работни места.

Вториот пристап (затворени модели) е таков што системот не е отворен за пошироката јавност, сите параметри ги имаат компаниите, а на широката јавноста и сервираат корисни, но проверени алатки (програми) кои во основа имаат ВИ или т.н. АПИс (Application Programming Interface), односно сетови од протоколи и правила кои овозможуваат различни програми да комуницираат меѓу себе.

И едните и другите (вклучувајќи го и Јан Лакан) се едногласни дека во моментов има ВИ и веќе го користиме, дека ГВИ најверојатно веќе постои, но само во лаборатиите на Опен АИ, а скокот до супервештачка интелегенција (СВИ) ќе биде експлозија, ќе трае можеби само една минута, па ќе добиеме суперинтелигентен ентитет со огромна моќ, неколку милиони пати поинтелигентен од човекот.

4.ВИ – Ние сѐ уште ја имаме контролата и може да ја исклучиме ГВИ:

Дали ќе нѐ убие сите, или ќе не остави да живееме како некој симпатичен, прединтилигентен реликт, кој ја изгубил моќта да биде штетен, туку е само е беневолентен, безначаен жител на планетата Земја. Многу тешко прашање е дали да продолжиме со ВИ кон ГВИ или да напуштиме сѐ?. Но, последново веќе не е можно освен ако не се случи некој катастрофичен, но не Армагедон настан, а ние сѐ уште ја имаме контролата и може да ја исклучиме ГВИ.

Многумина, вклучувајќи го и Ник Чатер, признат научник од областа на бихејвиоралистичките науки, професор на Ворвик, велат дека ВИ не може да произведе нова идеја. Вели дека и да оставиш да разговараат два ЛЛМ-и тие само ќе го вртат и повторуваат досегашното човеково знаење.

На ова тврдење инженерите од областа на ВИ безбедноста само се смеат и велат „единствено што работиме е да ги спречиме овие модели да создадат нови нешта и идеи. Ние ниту знаеме што тие работат“. Во основа, во последново се наоѓа и клучот за безбедноста од експлозија од суперинтелигенција. Барем засега, додека не се најдат нови сигурни методи за заштита.

Во основа, ВИ која сама се мотивира и сама учи и сама се репродуцира е најголемиот проблем. Има повеќе методи на кои се работи за како да се достигне ГВИ и притоа таа да биде усогласена со нашите потреби.5.ВИ – Доколку ……, во спротивно на човештвото му претстои пропаст:

Вториот модел е екосистем од компетитивни и еднакви меѓу себе ГВИ-ја. Слабоста е што не постои никаква сигурност дека еден модел во одреден момент нема да надмине друг и достигне надмоќ. Бидејќи, во моментов, а веројатно ќе остане така до достигнување на ГВИ и СВИ, пиемонт е зголемување на моќта на компјутерите (scaling). Односно, колку повеќе ГПУс имаш, толку посилна и попаметна ВИ поседуваш.

Прогнозата за наредните 10-20 години би била дека, доколку не се случи значаен пресврт и продолжиме со оваа траекторија на неконтролирано истражување и аплицирање, ГВИ и СВИ сигурно ќе се достигнат. Доколку во приказната ГВИ биде контролирана и општествата не пропаднат (банки и монетарни системи, социјални револуции, остварување на глобална воена надмоќ, појава на анархични држави…), тогаш на човештвото му следи процут, мултипланетарност, лекови за сите болести (вклучувајќи екстремно продолжен животен век), благосостојба и одговор на сите прашања.

Веројатно, како и во сите други ери на човековиот развој, за да биде подобро, (ако некогаш биде подобро), ќе биде потребно прво да се мине низ искуствата на деструктивната димензија на природата на хомо сапиенс, бидејќи таа е секогаш побрза, попродорна и сеопфатна. Развојот на системите е во рацете на мал дел од човештвото (богатите и моќните) чиј императив најчесто не се човечноста, туку моќта, славата и – неизбежно – парите.

Низ економските турбуленции и крахови, човекот на оваа планета ќе се соочи со длабоки кризи и катастрофални социјални раслојувања. Како што ВИ ќе навлезе во секој и најситен детаљ од животот, така огромен број луѓе ќе стануваат излишни во сите индустрии, реални, услужни, креативни, безбедносни, медиумски, естрадни…

Ќе се случи истото како кон крајот на 19-от век во Америка, кога Кинезите доселеници беа таргет на ужасна дискриминација и насилство од белците (Ирците, на пример) кои беа исто толку доселеници како и Кинезите. Во тој контекст, денес технологиите поврзани со ВИ и роботиката се новите „Кинези“ на светот.6.ВИ – Растот на продуктивноста со употреба на умни машини оди до 33% за само 20 години:

Сите економисти се согласуваат дека ќе има огромен раст на продуктивноста, во поевтинувањето на стоките и услугите и дека ќе има раст во бруто домашниот производ кај развиените економии (ЏИ-ДИ-ПИ).

Патем студии и подготовки прават сите. На пример Сем Алтман во одговорот кон Маск излезе со податок дека Албанија користи ВИ долго време на својот пат кон ЕУ, а ова го потврди и Еди Рама.

Кон крајот на минатата година, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) излезе со анализа во која се разработуваат три сценарија во зависност од развојот на ВИ и нејзините параметри по однос на човековите сетила – вид, слух, разбирање команди и тактилност – односно производство на хуманоидни роботи. Такви веќе постојат, да потсетам, Оптимус на Тесла, Фигура (Figure) кои се веќе нарачани од БМВ и неколку од кинеско производство. Во најбрзото сценарио (Aggressive AI deployment), за само пет години, реперкусиите по човечкиот капитал и по платите би бил катастрофален (види слика). Во оптимистичко сценарио, платите би останале пристојни.

Но, за разлика од тоа, анализа на Брукингс за можните траектории на растот на продуктивноста со употреба на умни машини оди до 33% за само 20 години.

Како и да е постои една неотповиклива трка за отелотворување на ВИ или ГВИ во хуманоидни роботи кои ќе имаат драматичен импакт врз економијата.7.ВИ – До 2025-та година „ Тесла“ ќе произведе еден милион роботи:

Она што ќе го зголемува економскиот отклон во наредните 10-ина години се токму новите технологии, продуктивноста, новите професии и спасувачките мрежи (safety nets) како што е Универзалниот основен доход, кои се подготвуваат во случај да се појави невработеност и несигурност. Ќе споменам уште дека ЕУ има изградени системи, структури, тела и институции за социјална заштита, за економска рамноправност, за помош кон членките со помала економска моќ… За такво нешто не сме слушнале во земјите на Брикс. Исклучително е важно Македонија да ги оствари стратешките цели поставени одамна, околу кои има политички консензус, особено што претстои турбулентен период во кој нема место за импровизации и авантури.

Само за да илустрирам за каков брз напредок и разлика во технолошките визии се работи ќе споменам дека само Тесла најави дека до 2025 година ќе произведе еден милион роботи од класата Оптимус кои ќе влезат во фабриките.

Притоа, интересен е феноменот на Маск и „Тесла“, но и воопшто на Силиконската долина во Калифорнија која во последните 30 години се покажа како главен светски иновациски центар и мотор на новите економии. Калифорнија, која до скоро беше 6-та најголема економија во светот, од годинава е веќе на 4-то место и ја поминува Германија.

Оптимус на Тесла, конгломератот на компании на Маск, има сеопфатен, еден генерален па и глобален поглед кон блиската иднина. Дури би рекол неизбежен и аксиоматски пристап. Неговите компании работата на три генерални насоки, а тие се:

  • Промена на односот кон природата и решавање на проблемот со ЦО2. Тесла за само една деценија создаде револуција во автомобилската и транспортната индустрија која зазема 20.2 отсто од глобалната емисија на ЦО2 во атмосферата. Малку позната е и неговата „Досадна компанија“ (Boring company), која има за цел да го реши проблемот со сообраќајот во Калифорнија, па и во САД и во светот, преку копање тунели. Нивната теза е дека сега сообраќајот е погрешен бидејќи е поставен површински – во две димензии. Тие копаат, првите тунели се во Лас Вегас и Тексас, во три димензии.
  • Трансформирање на човештвото во мултипланетарна цивилизација. Нивната компанија Спејс Икс во 2023 имаше 98 успешни летови во вселената и до Меѓународната вселенска станица. За годинава планираат 148. Маск планира, ни помалку ни повеќе, туку флота од 1.000 StarShips со кој би се напрвила колонија за 000 луѓе за почеток, а потоа еден милион до 2050 година. Неговата компанија StarLinkдо почетокот на јануари 2024 година, имаше повеќе од 5.200 сателити во ниската Земјина орбита. Планот е да се достигне бројката од околу 12.000 сателити иницијално, со потенцијално проширување до 42.000 сателити во иднина. Целта е да се покријат далечните досега непокриени предели на Земјата со Wi-Fi, но тоа да биде и интернет врска со Месечината и Марс.
  • Нјнеобичното и најсензитивното – конектирање на човекот со Интернет и ВИ. Неговата компанија NeuroLink произведе чип кој беше тестиран на животни 3-4 години, а сега е веќе вграден кај првиот човек, со цел да се овозможат моторни функции кај луѓе кои од разни причини изгубиле врска од мозокот до екстремитетите – нозе и раце. Листата на чекање е веќе долга, операцијата чини околу 20.000 долари, а првиот човек е здрав и жив и контролира маус на екран со мислите. Всушност се работи за иницијално истражување за можноста за поврзување на човекот со компјутер, интернет и финално со ВИ или ГВИ. Тезата е дека човекот со маус и тастатура е пребавен: компјутерите нас нѐ чекаат што ќе им кажеме.

8.ВИ – Надзор и следење, цензура и пропаганда, Сајбер војување и шпионажа, …:

На Вештачката интелигенција (ВИ) ѝ припаѓа исклучително значајна улога: ефикасно и прецизно овозможување и одржување на угнетувачките режими, засновано на алгоритми, а не на вредности и емоции. Како, може да прашаат некои?

Едноставно не е, секако. Во тоа се впрегнуваат огромни и скапи државни машинерии, политички, бизни и воени елити. Јавните пари се во рацете на тесни, херметички затворени кругови, далеку од очите на јавноста, а уште подалеку од механизмите за демократска контрола на институциите и јавниот интерес. Со парите на граѓанките и граѓаните во тие земји се финансираат операциите за континуиран надзор и следење, цензура и пропаганда, полиција што работи врз основа на предвидување, системи за социјално бодување, автоматизирано носење одлуки и сајбер војување и шпионажа.

Овие комплексни операции се состојат во:

Континуиран државен надзор и следење – Системите за надзор и следење на движењето и постапките на луѓето се спроведува со помош на Вештачката интелигенцијаСо ВИ, контролата е непогрешива, масовна и извонредно брза, луѓето се препознаваат во истиот миг, а прогонот на сомнителните станува едноставн и брз начин за сузбивање на отпорот.

Цензура и пропаганда – Вештачката интелигенција веќе сега се користи за следење и цензурирање на онлајн содржините и манипулирање со јавното мислење преку прецизно насочени пропагандни кампањи. Платформите за социјални медиуми користат вештачка интелигенција за да промовираат пропагандни наративи и дистрибуираат дезинформации одобрени од државата, односно агресорот.

Полициско работење со предвидување – Алгоритмите за вештачка интелигенција се користат за предвидување и превентивно таргетирање поединци кои се сметаат за потенцијални закани за режимот.

Системи за социјално бодување – Овие системи се раководени од вештачка интелигенција и ги користат диктаторски режими за да го следат и контролираат однесувањето на граѓаните. На поединците им се доделуваат оценки врз основа на нивните социјални, политички и економски активности, со награди за усогласеност и казни за несогласување и отпор кон режимот.

Автоматизирано носење одлуки – Процесите на донесување одлуки ги носи Вештачка интелигенција во процеси во кои може да се очекува да бидат лишени од транспарентност и одговорност. Тоа може да доведе до тешки повреди и газење на човековите права и слободи. На пример, автоматизираните системи за казнување може несразмерно да ги таргетираат маргинализираните групи или политичките дисиденти, врз основа на параметрите „договорени“ меѓу ВИ и диктаторскиот режим.

Сајбер војување и шпионажа – Диктаторските режими ги користат технологијата и Вештачката интелигенција за сајбер војување, шпионажа и информациска војна против други нации или домашни опозициски поединци и групи. (ЛИНК)

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.