Куси лекции од авторот Валентин Нешовски извлечени од дијалозите со уредникот Џабир Дерала на тема: Вештачката интелигенција и технолошкиот развој – ќе нѐ убие или ќе нѐ спаси во која провејува дилемата за тоа дали вештачката интелигенција ќе го спаси или ќе го уништи човештвото?
НОВА објавува хронологишки серијал од поенти од тематскиот дијалог на авторите на интервјуто! Линк
- ВИ – Почетоци:
Вештачката интелигенција не е нов концепт. Неговите рани почетоци датираат уште кон средината на минатиот век, со појавата на првите сметачки машини, а во научната литература и пред тоа.
Научната фантастика во првата половина од 20-от век го запозна светот со концептот на роботите што поседуваат интелигенција. Тин Вудман од „Волшебникот од Оз“ книгата на Лајман Френк Баум, чие прво издание е во 1900 година, го претставува, веројатно, најстариот познат вештачки интелигентен робот во литературата. Секако, слични карактери се среќаваат и порано, дури и во политичките карикатури и во маркетингот.
- ВИ – Сметачка машинерија и интелигенција:
До педесеттите години од минатиот век генерации научници, математичари и филозофи го создаваа концептот на вештачка интелигенција (AI). Еден од нив е и Алан Туринг, млад британски научник математичар, кој ги истражува математичките потенцијали за создавање на вештачката интелигенција. Туринг доаѓа до заклучокот дека луѓето ги користат достапните информации, како и разумот, за да ги решаваат проблемите и да носат одлуки. Тој тогаш го поставува прашањето: Зошто машините не можат да го прават истото?
Неговото прашање е таа логичка рамка на неговиот трудот на Туринг објавен во 1950 година со наслов „Сметачка машинерија и интелигенција“ во кој тој елаборира за тоа како да се изградат интелигентни машини и како да се тестира нивната интелигенција.
Од трудовите на Туринг до денес, живееме во ера на вртоглаво брз технолошки напредок проследен со револуционерни технолошки скокови со незамисливи размери. Се стекнува впечатокот дека човекот и не е свесен колку технологијата е дел од неговиот живот. На почетокот на 2024 година, роботиката и вештачката интелигенција се слеаја во едно.
- ВИ – Плус и минус:
Позитивната страна на вештачката интелигенција (ВИ) се чини беша верувањата дека ВИ е технологија која ќе му помогне на човештвото да реши многу предизвици на пример како глобалното затоплување, на пример, потоа лек за рак и други сега неизлечиви болести и дека е многу важно, после еден транзиционен период, ВИ ќе создаде сѐ за секого односно ќе овозможи изобилство на евтини стоки и услуги (Abundance of products) па, оттука и дилемата и прашањето на авторите во интервјуто на темава: дали ВИ ќе нѐ убие или ќе не препороди?
Неколкумина, вклучувајќи го и Елон Маск и Јувал Ноа Харари, уптија предупредувања. Според Маск вештачката интелигенција (ВИ), во основа е поопасна од нуклеарното оружје“. Харари пак потсетува дека за прв пат во историјата, човештвото создаде интелигентна технологија и притоа е на пат по сопствена воља да се откаже од сопствената моќт да одлучува.
Всушност, оваа ВИ револуција не може да се спореди со ниедна друга досега почнувајќи од печатарската преса, преку парната локомотива, до нуклеарната енергија, бидејќи се`досега човекот одлучувал за се` и во оваа рана фаза, кога ВИ има само рудиментирани елементи на разбирање и резонирање, човекот сѐ уште, преку давање на задачи, може да ја контролира. Маск, Хараре и други зборуваат за наредните етапи кои доаѓаат многу брзо. На оние што го следат галопирачкиот развој на ВИ им е јасно дека секој ден, ама буквално секој ден, ВИ прави нови и нови откритија.
- ВИ – Генерална вештачка интелигенција:
Првата фаза која се очекува во наредните една до две години е развој до генерална вештачка интелигенција (ГВИ). Тоа би бил моментот кога ВИ ќе достигне општа интелигенција еднаква на онаа со човекот, а не како во периодов само до специјализирана интелигенција. Практично, може да се каже дека ова би се случило во моментот кога таа ќе почне да размислува, односно да го спознава светот, да го анализира и да добие способност сама да одлучува.
Според Мо Говдат, поранешен главен бизнис офицер на Гугл Икс, до пред шест месеци ВИ достигна коефициент на интелигенција поголем од оној на Алберт Ајнштајн или IQ над 150. Говдат, а и други како што е Бен Гоертцел од Хенсон Роботикс или Елаизер Јудковски од МИРИ, предупредуваат дека ВИ ќе се зголемува експотенцијално и дека тоа е огромна опасност. Според нив, се уште никој не знае точно но е речиси извесно дека за само десетина години ВИ за милиони или за милијарда пати би била поинтелигентна од човекот. Достигнувањето на нивото на човечка интелигенција се именува како сингуларност (singularity)
- ВИ – Алармисти и разлика во интелигенција од милијарда пати:
Втората фаза би била вештачка супер интелигенција (ВСИ). Тоа е она на што во жаргон и многумина предупредуваат, а се именувани како „алармисти“. Таа би била многу, многу пати поинтелигентна од човекот. Тогаш прашањето ќе биде дали ВСИ нас луѓето ќе нѐ остави на мир и ќе се однесува како што тоа сега ние го правиме спрема мравките, на пример или пак БСИ ќе заклучи дека ние сме најголемите штетници на планетата и ќе нѐ убие. Алармистите свеќе и мислија многу начини за тоа дека ВСИ ќе креира нов вирус што ќе го ослободи во воздухот, дека би можела да го активира нуклеарниот потенцијал, да ја уништи економијата или да предизвика нова светска војна.
Всушност, тоа е ситуација во која ние ниту ќе разбираме што таа ни` кажува ниту што ни` посочува и дали на нешто не`предупредува. Ова бидејќи нема да го разбираме нејзиниот јазик. Човештвото ќе биде како кутре што едвај нешто разбира од она што ние му велиме. Ете, отсега замислуваме разлика во интелигенција од милијарда пати.
- ВИ – Вредносна контрола на вештачката интелигенција:
Сепак, позитивните погледи за можната иднина на генералната вештачка интелигенција (ГВИ) и на вештачката супер интелигенција (ВСИ), да очекуваме да ни` помогне во сѐ. И тоа веќе денес е реалност. Идејата е дека доколку достигнеме вештачка супер интелигенција и притоа сме доволно паметни да ја направиме добронамерна, односно да ја направиме подобра од нас, а што во техничкиот жаргон е наречено alignment, тогаш нашата цивилизација ќе има само придобивки.
Опен АИ, организацијата, сега веќе компанија што е во тесни врски со Мајкрософт и која практично ја создаде најнапредната ВИ во моментов веќе објави проект за Супер алигнмент во кој се предвидува дека до 2027 година, Опен АИ ќе посвети значаен дел од својата компјутерска моќ кон вредносна контрола на ВИ. Тие велат дека се потребни научни и технички достигнувања за ние да ја управуваме и да ја контролираме ВИ и сите системи кои ќе бидат многу поумни од нас. Впрочем, искуството говори дека веќе денес има евидентни придобивки како што се пребарувања, откривања и блокирања на ботови и на говор на омраза на социјалните медиуми, до производство на нови материјали.
И не само тоа. ВИ за само неколку месеци комбинирајќи ги атомските структури од периодичниот систем на елементите откри нови 2.2 милиони материјали од кои 281 илјада се стабилни и веќе се тестираат во лаборатории. Тоа се потенцијали како нови материјали во градежништвото, во оптичката и комуникациската индустрија или во облекувањето и модата. Или на МИТ и Харвард, на пример, ВИ откри нова класа антибиотици кои имаат ефект врз стафилококата „мрса“ која стана резистентна на досегашните антибиотици.
Со помош на ЛЛМ (Large Language Models, методот со кој работи ВИ биле произведени вакцините употребени за време на кризата со Ковид-19 што спаси милиони животи.
Со ВИ веќе може да произведете и видео со наредба или со prompt. На пример со наредба „направи ми видео на волк како завива пред вулкан и носи шубара“ и тоа ќе биде автентично направено. На напредниот модел на Гугл, „Лумиер“, деновиве е објавена
песна во стихови за Солунска Глава во стилот на Блаже Конески, а напишана за неколку секунди од Chat GPT 4. Во наредбата никаде не се споменува Македонија но ВИ креира стих во кој се споменува „македонска душа“.
ВИ веќе точно одговара на 99 отсто праашања. Понекогаш халуцинира, пишува поеми, состави, романи, прави финансиски и било кој друг тип анализи, зборува македонски и секој друг јазик на планетава. Пишува презентации, говори, анализира ексел табели, чита што и да ѝ дадете, слуша, дури веќе и гледа. Компонира музика, програмира со алгоритми и програми со говорни наредби. На ВИ кажете и`, на пример, „направи ми видео игра во која една топче игра пинг-понг“ и ВИ тоа ќе ви го направи за помалку од 60 секунди.
- ВИ – Мачна транзиција со губење на голем број професии:
Веќе сега е неспорно дека има многу дисруптивност во целата транзиција која според некои ќе трае 10-15 години. Директни и брзи последици ќе има веќе во 2024 година. Во технолошки напредните земји многумина од т.н. интелектуални професии останаа без работа.
Транцицијаста, според некои сегашни согледувања, ќе трае10 до 15 години. Први на удар веќе се програмери, новинари, факт чекери, аналитичари, сметководители, графички дизајнери, маркетинг специјалисти и сите што сега нешто работат со ИТ.
Втори на удар ќе бидат давателите услуги како што се вработените во туристички агенции, продавачи, други интелектуални услуги. Ќе настрадаат дури и адвокати и доктори. Гугл веќе објави дека создаде ВИ програм за дијагностицирање. Во пробните анализи ВИ била далеку попрецизна во земањето анамнеза и дијагностицирањето од докторите во сите категории. Меѓународниот монетарен фонд скоро објави анализа според која ВИ ќе афектира 60 отсто од професиите во развиените држави, а 40 отсто на глобално ниво.
- – Струјата, драги! ВИ – Тесна и генерална: Одговорот за 3 до 4 секунди на англиски јазик го дава и ChatGP: „Поимот вештачка интелигенција се однесува на развој на компјутерските системи кои можат да извршуваат задачи кои обично бараат човечка интелигенција. Овие задачи вклучуваат учење, расудување, решавање проблеми, перцепција, разбирање јазик, па дури и креативност. Системите за вештачка интелигенција имаат за цел да ја имитираат или симулираат човечката интелигенција до одреден степен, дозволувајќи им на машините да извршуваат задачи кои обично бараат човечки когнитивни способности. Постојат два главни типа на вештачка интелигенција, тесна (narrow) и генерална (general). Тесна вештачка интелигенција (или слаба вештачка интелигенција) е дизајнирана и обучена за специфична задача“, одговара ChatGPT.
- – Струјата, драги! ВИ – Тесна и генерална: Одговорот за 3 до 4 секунди на англиски јазик го дава и ChatGP: „Поимот вештачка интелигенција се однесува на развој на компјутерските системи кои можат да извршуваат задачи кои обично бараат човечка интелигенција. Овие задачи вклучуваат учење, расудување, решавање проблеми, перцепција, разбирање јазик, па дури и креативност. Системите за вештачка интелигенција имаат за цел да ја имитираат или симулираат човечката интелигенција до одреден степен, дозволувајќи им на машините да извршуваат задачи кои обично бараат човечки когнитивни способности. Постојат два главни типа на вештачка интелигенција, тесна (narrow) и генерална (general). Тесна вештачка интелигенција (или слаба вештачка интелигенција) е дизајнирана и обучена за специфична задача“, одговара ChatGPT.