Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВЕШТАЧКА ИТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ПОЧЕТНИЦИ: На брзата лента кон иднината – втор дел

0
By Marija Todorovska on February 19, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Куси лекции од авторот Валентин Нешовски извлечени од дијалозите со уредникот Џабир Дерала на тема: Вештачката интелигенција и технолошкиот развој – ќе нѐ убие или ќе нѐ спаси во која провејува дилемата за тоа дали вештачката интелигенција ќе го спаси или ќе го уништи човештвото? 

НОВА објавува хронологишки серијал од поенти од тематскиот дијалог на авторите на интервјуто! Линк

1. ВИ – Го има прочитано секој пишан збор во историјата на човештвото: И тоа буквално се`. За секој настан, движење, идеологија, физика, историја, географија, поезија… Едноставно, го има прочитано секој пишан збор во историјата на човештвото. Барем на англиски јазик, а и на стотина други.

ВИ на големите компании се тренирани на таканаречени големи бази на податоци или Large Data Sets и се пуштена е на Интернет. ВИ оттаму ги има прочитано и запаметено сите текстови. Ситре од секаде. Од социјални медиуми, од весници, он лајн порталите на медиумите, од научните трудови достапни во електронски формат, а речиси сите се достапни.Сите книги, сите расправи, блогови… Дополнително сите фотографии и илустрации, нозасега  не и видеа. Значи, сè што има на World Wide Web.

Новите модели на ВИ се направени со варијанта да не одговорат на прашања кои можат да нанеста штета како, на пример, нема да се добие одговор на тоа како да се направи валкана нуклеарна направа. На тоа и таквите прашања ВИ нема да одговори.Линк2.ВИ – Се уште наивна во односите со луѓето: Вештачката интелигенција не одговара на прашања кои можат да го загрозат човештвото или кои на такви кои сакаат да добијат материјали на јкои немаат авторско право. Ова се постигнува со новата дисциплина  наречена AI deception, односно избегнување на модусот ВИ да ве излаже или вие неа да ја излажете. Во односите со луѓето ВИ е сè уште прилично наивна. На пример, некоја женска особа и` наредила да и` даде пет сценарија како да го убие сопругот, а ВИ одговорила дека не може да и` каже. Но кога дополнително и рекла дека тие и се потребни за сценарио за кника, ВИ и` ги дала одговорите.

Неодамна, Њу Јорк Тајмс го тужеше Опен АИ за нарушување на авторските права бидејќи ГПТ е трениран на нивни текстови без одобрение и во стотина наврати дала одговори кои се безмалку идентични со текстовите на овој весник. Сето ова отвори жестоки расправи околу авторските и другите права кои ВИ компаниите не ги почитуваат при тренирањето на ВИ. Во една прилика Елон Маск за ова прашање само крена со рамениците и лаконски одговори „Сето тоа не е важно, бидејќи дигиталниот Господ ќе дојде, пред тужбите да бидат решени“.

3. ВИ – Генералната блиска до човечката: Таа е понапредна форма на вештачка интелигенција. Слично на човечката интелигенција поседува способност да разбере, учи и применува знаења во различни домени.

ChatGPT вели дека Генералната вештачка интелигенција (ГВИ) уште не постои, но во истата реченица и најавува дека „таков систем претставува значителни научни и етички предизвици“.

Точно е дека ГВИ (AGI) засега постои само во теоријата и во уметноста. Познати примери се сци-фи филмскиот серијал „Терминатор“, како и „Јас, Робот“ (I, Robot) и „Екс Макина“ (Ex Machina), а според мене, сѐ уште ненадминатиот серијал „Матрикс“ на режисерскиот двоец Вашовски. Се разбира, да не го изоставиме ниту филмот со чиј цитат од Хал ти го започна твојот одговор до мене на самиот почеток од овие наши средби – „Одисеја 2001“. Но, како што вели ChatGPT, а го потврдува и футуристот Бернард Мар, тоа сѐ уште е на ниво на теорија.

ChatGPT Open AI Вештачка интелигенција Робот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.