Културниот живот е една од главните одлики на Карпош, а библиотеката „Другарче“ буди многу спомени кај многумина од нас и постарите генерации. Младите генерации заслужуваат да бидат
дел од оваа приказна, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Карпош, Душко Весковски.
-Преку реконструкција и адаптација на библиотеката „Другарче“, ќе основаме Младински културен центар, каде што сите карпошани, а особено младите, ќе имаат можност да го зголемуваат и да го
прошируваат своето знаење, да разменуваат мислења и искуства. Проектот предвидува екстерно реновирање и обнова на објектот, внатрешно уредување, зголемување на фондот на литература за сите возрасти, осовременување на читалната, со дигитален пристап до одредена литература, заживување на кино салата, изградба на сензорна соба со која ќе овозможиме инклузија на децата со попреченост, како и создавање можности за реализација на голем број работилници, едукативни, културни и други настани. Ќе изгледа фантастично, кажа Весковски.
-Карпош може, Карпош мора да оди напред преку реализација на граѓанскиот концепт, на проевропскиот концепт со нови лица, нова енергија и нови политики, заклучи Весковски.