Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вести од Брисел

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа

Македонија добива ветер во грб во однос со односите со Европската Унија. Оптимистите очекуваат Унијата да ја отстрани условеноста на препораката за отпочнување преговори за пристап и тоа побргу од очекуваното. Можеби навистина доаѓа крај на десетгодишната изолација на земјата и можеби сонот на многумина од нас за интеграција во големото семејство ќе стане реалност во разумен рок.

Од Брисел стигнаа добри вести минатата недела. Ги видовме министерот за надворешни работи како и заменик премиерот за европски интеграции да остварат важни средби во пријатна атмосфера. Видовме релаксирани односи со Шефот на грчката дипломатија Коѕиас. Работите изгледаат како да тргнале по добар пат и личи дека во Брисел тоа се гледа и се вреднува.

Ова позитивна атмосфера и овој ветер во грб треба да се искористи во максимум како енергија за да се напредува со реформите чие испорачување се очекува. Јасно е дека главните реформи се однесуваат на судството, на јавната администрација и на тајните служби и истите ќе траат долго и ќе бараат голема упорност за да се спроведуваат ефективно и целосно. Меѓутоа, тоа што во ова фаза се очекува од Македонија е да направи мали но значајни чекори кон долготрајните реформи во споменатите области.

Таков чекор е на пример укинувањето на Законот за Советот за утврдување на фактите. Овој Совет беше до максимум злоупотребен во минатите години и се претвори во средство за дисциплинирање на судиите. Затоа, укинувањето на овој Закон е еден од поважните чекори кои ќе отворат пат во реформите во судството. Извештајот на групата експерти на Европската комисија (Извештајот на Прибе) препорачува да се направат суштински реформи и во Законот за Судскиот совет на РМ. Меѓутоа, тие реформи треба да се направат многу внимателно и после широка и одговорна дебата бидејќи именувањето и разрешувањето како и дисциплинската одговорност на членовите на ССРМ се сериозни работи кои бараат сериозни решенија потврдени во сериозни дебати, така што истите не може да се уредуваат со брзи и ад хок решенија кои може да имаат повеќе негативни отколку позитивни последици.

Таков значаен чекор е без сомнение и изменувањето на Законот за заштита на сведоци кој е од клучна важност за работата на СЈО. И овие измени може лесно да поминат во Собрание до крајот на ова година.

Ваквите законски измени се можеби мали чекори, но затоа истите се многу важни за натамошната реформа на правосудството. Тие воедно се и можни и реални чекори.

Друг значаен чекор е изборот на нов Јавен обвинител на РМ во Собрание а после и неговата ефикасна работа. Гонењето на криминалот без разлика кој го извршува истиот е суштинско за воспоставувањето на правдата. Од друга страна, сега веќе имаме и нов претседател на Основен суд Скопје 1. Новиот претседател на судот кој досега личеше на тврдина во одбраната на интересите на партиите од претходната власт, ќе ја има тешката задача да воспостави доверба спрема ова значајна институција на правдата. Понатаму, Комисијата која ги истражува сомнежите за злоупотреба на АКМИС системот на распределба на предмети е во тек на подготовката на извештајот. Усвојувањето на тој извештај како и постапувањето по наоѓањето на истиот се клучен момент во работењето на овој важен суд. Овие се сите чекори кои ќе придонесат да се воспостави доверба во правдата како и верување дека таа може да функционира и дека секој кој се огрешил пред законот ќе биде повикан на одговорност за тоа.

Реформите во јавната администрација и во тајните служби се исто така суштински и ќе траат долго. Меѓутоа и тие ќе почнат со скромни но одлучни чекори на законски измени кои јасно ќе ја искажат волјата на новата власт и на државните институции дека навистина се посветени на реформскиот процес.

Од меѓу соседските односи секако најважно е спорот со името на државата. Многу е важно да се покаже добра волја за решавањето на овој многу чувствителен спор. Во тој однос, веќе се најавуваат можни значајни чекори кои ќе покажуваат добра волја да се напредува во тој процес. Така се најавува промена на името на Аеродромот во Скопје, а од Министерство за култура најавуваат дека во тек е подготвувањето на елаборатите во врска со некои од спомениците кои се ставиле без соодветни постапки и документација. Овие се важни чекори кои ќе покажат дека државата е решена да придонесе во надминувањето на овој спор кој не спречува во сите обиди за интеграција во структурите кои се од клучна важност за нашата иднина. Притоа, на овие прашања треба да се пристапи разумно. Прашањето за името на државата е политичко прашање, додека пак идентитетот на еден народ е суштинско и емоционално прашање. Идентитетот не е нешто што се дава се зема или се губи, тој едноставно постои. Тој идентитет постоеше и пред Договорот за добрососедски односи со Бугарија, а како што гледаме постои и понатаму. Тој идентитет ќе постои и после решавањето на спорот со Грција околу името на државата, без разлика кое ќе биде новото решение. Време е да се престане со злоупотребата на тоа чувствително прашање и истото да се користи како претекст да се спречи интеграцијата во евро-атлантските структури, кога знаме дека повеќе од 70% на граѓаните се ориентирани токму кон тие структури.

Еврокомесарот Хан во денешната прес конференција изрази големи надежи дека Македонија ќе започне скоро преговори со ЕУ. Се изрази дека измените во државата се големи и дека е поминат долг и тежок пат да се стигне до тука. Не потсети на тоа каде бевме неколку месеци порано.

Македонија изгуби 11 значајни години во овој процес. Сега е времето кога треба да се реагира брзо и одлучно и да се надокнади тоа изгубено време. Во тие 11 години сите други земји кои беа позади нас не преминаа и сега некои од нив веќе се дел од ЕУ а некои се само чекор далеку. Време е да побрзаме и да го фатиме овој воз бидејќи друга шанса немаме.

Затоа, Македонијо, зграпчи го денот!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.