Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ветеринарна комора: Со факти против беснило – сопствениците редовно да ги вакцинираат милениците

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Споделување факти и отфрлање на сите митови или заблуди, е фокусот на годинашната глобална кампања по повод Светскиот ден на борба против беснилото, 28 Септември, соопшти Ветеринарната комора на Република Северна Македонија.

Комората апелира сопствениците редовно да ги вакцинираат домашните миленици, кучињата и мачките. Вакцинацијата против беснило, нагласува, е со Закон утврдена обврска и гарантира превенција од оваа тешка и смртоносна заразна болест.

-Корона пандемијата покрена многу сомнежи и заблуди за болестите, нивното ширење и за вакцинацијата воопшто. Поради ова, имаше одредено двоумење во врска со воведувањето на вакцините за КОВИД-19 во многу земји и многу луѓе се плашат да се вакцинираат. За беснилото, ова не е ништо ново, бидејќи стравовите, заблудите и дезинформациите за болеста и нејзината превенција датираат стотици години наназад. Од таа причина, оваа година темата е фокусирана на споделување факти за беснило, а не ширење страв за болеста врз основа на дезинформации и митови, наведува Ветеринарната комора.

Фактите, додава, се единствениот начин да се победат лажните вести.

-Затоа, низ процес на информирање и едукација, ние, ветеринарните лекари сме должни да помогнеме да се споделат точни факти, бидејќи одлуките за контрола на беснило во нашата земја се базираат на точни и најсовремени информации. Со споделување факти за придобивките од вакцинирање на вашите животни против беснило можеме да ги отфрлиме сите митови за вакцинација и да се осигураме дека сите се заштитени, а болеста е елиминирана, истакнува Комората.

Во рамки на одбележувањето на 28 Септември, денеска, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа тркалезна маса на која професионалците од ветеринарната и хуманата медицина дискутираа за беснилото од сите аспекти. Како што беше заклучено, единствениот начин на кој може да се елиминира беснилото, е преку заедничка работа и обединување кон заедничката цел – нула жртви од беснило до 2030.

Мотото на годинашната глобална кампања е „Беснило: Факти, а не страв”. Светските статистики покажуваат дека секои девет минути некој умира од беснило или годишно, битката со оваа болест ја губат 70.000 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.