Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Американските претседателски дебати низ годините: гафови, хаос, скандали

0
By Marija Todorovska on June 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од катастрофалниот гаф на Џералд Форд до духовитата забелешка на Роналд Реган за неговата возраст и Џо Бајден кој побара од Доналд Трамп „да замолчи“, дебатите за претседател на САД беа смешни, злобни и сe друго.

Еве некои од најнезаборавните моменти од повеќе од 60 години модерни американски дебати.

– Кенеди-Никсон, 26 септември 1960 година –

Тоа беше прва телевизиска дебата кога се уште се емитуваше во црно-бело, и ја утврди важноста на јавниот имиџ на еден политичар. Републиканецот Ричард Никсон изгледаше подготвен да победи на изборите, откако беше два мандата како потпретседател на Двајт Ајзенхауер.

Но, дебатата не му помина најдобро. Никсон одби да се шминка и се појави блед и испотен пред повеќе од 66 милиони гледачи, додека младиот сенатор од Масачусетс, Џон Кенеди изгледаше исончано и опуштено. Додека Никсон му се обраќаше на модераторот, Кенеди гледаше во камерата, зборувајќи директно со своите гласачи.

Колку визуелните елементи на дебатата беа пресудни е спорно, но Кенеди продолжи да го победува Никсон на гласачките места.

– Форд-Картер, 6 октомври 1976 година –

Првата дебата меѓу републиканскиот претседател Џералд Форд и демократскиот противкандидат Џими Картер беше обележана со 27-минутно губење на аудио сигналот. Ниту втората дебата не му одеше најдобро на Форд, кога направи гаф што веројатно го чинеше претседателската функција.

Во екот на Студената војна, Форд изјави дека „нема советска доминација на Источна Европа и никогаш нема да има под управа на Форд“, иако Советскиот Сојуз имаше трупи распоредени низ источниот блок.

Поминаа шест дена пред Форд да се објасни, велејќи дека не зборувал за буквално воено присуство, туку дека мисли дека духовите на луѓето таму не биле скршени.

– Реган-Мондејл, 21 октомври 1984 година –

Републиканскиот претседател Роналд Реган имаше 73 години кога се кандидираше за втор мандат против 56-годишниот Волтер Мондејл. Но, тој успеа да ја претвори својата возраст во своја сила со духовит одговор кој влезе во историјата.

„Нема да ја ставам возраста проблем во оваа кампања“, рече Реган на прашањето дали е способен за функцијата. „Нема да ја искористувам, за политички цели, младоста и неискуството на мојот противник“.

– Буш-Клинтон-Перот, 15 октомври 1992 година –

Втората претседателска дебата во трката во 1992 година го спротивстави актуелниот претседател Џорџ Буш и неговиот иден наследник Бил Клинтон и Рос Перот, независен кандидат.

Буш беше фатен на камера како гледа во својот часовник додека Клинтон разговараше со член на публиката за време на дебата во градското собрание, потег што скапо го чинеше Буш. Години подоцна, Буш призна дека ги мрази дебатите. „Можеби затоа го гледав, „уште само 10 минути од оваа досада“.

– Обама-Ромни, 22 октомври 2012 година –

За време на дебатата против претседателот Барак Обама, републиканскиот предизвикувач Мит Ромни се жалеше дека американската морнарица има помалку бродови во моментов отколку во 1916 година.

„Гувернер, имаме и помалку коњи и бајонети, бидејќи природата на нашата војска се промени“, возврати Обама.

„Ги имаме овие работи наречени носачи на авиони, каде слетуваат авиони на нив. Ги имаме овие бродови кои одат под вода, нуклеарни подморници“.

Коментарите на Обама станаа вирални на интернет.

– Трамп-Клинтон, 9 октомври 2016 година –

Втората дебата на претседателските избори во САД во 2016 година во која се спротивставија Хилари Клинтон и Доналд Трамп беше особено злобна. Набргу по објавувањето на видеото во кое се слуша како Трамп се фали дека неговата слава му дозволува да пипка жени, републиканскиот милијардер тргна по сопругот на својот противник, поранешниот претседател Бил Клинтон, обвинувајќи го дека „исклучителкно ги навредува жените“.

Трамп, исто така, вети дека Хилари Клинтон ќе биде под истрага за нејзината употреба на приватна сметка за е-пошта кога беше државен секретар.

„Едноставно е ужасно добро што некој со темпераментот на Доналд Трамп не е задолжен за законот во нашата земја“, рече Клинтон.

Трамп возврати: „Затоа што би бил во затвор“.

– Трамп-Бајден, 29 септември 2020 година –

На првата дебата на претседателските избори во 2020 година, на која учествуваа Трамп и демократот Џо Бајден, имаше викање и навреди.

Со тоа што Трамп постојано го прекинуваше, Бајден возврати: „Ќе замолчиш ли, човеку?

Демократот го нарече својот противник и „кловн“.

Трамп од своја страна постојано го избегнуваше прашањето дали ќе ги признае резултатите од изборите.  Немоќен да ги контролира двајцата кандидати, модераторот на дебатата, новинарот на Фокс њуз, Крис Валас, подоцна опиша дека чувствува „очај“.

Извор: Yahoo News/AFP

американски претседатели гафови дебати скандали
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.