Денешното пукање врз цивили е втор напад во Ерусалим за четири дена, а се случил во близина на џамијата Ал Акса .
Двајца цивили се тешко повредени во нападот, од кои едниот им подлегнал на повредите во болница. Во нападот се повредени и двајца полицајци но полесно.
Омер Барлев, израелскиот министер за јавна безбедност, рече дека напаѓачот бил член на Хамас и дека набрзо е убиен.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет нареди зајакнување на безбедносните мерки во Ерусалим по денешниот напад.
„Во вакво утро, може да се добие утеха во британската одлука да го означи Хамас – вклучително и неговото таканаречено политичко крило – како терористичка организација“, им рече Бенет на членовите на владата.
Велика Британија го прогласи Хамас како терористичка организација во петокот откако претходно тоа го направија Европската унија и САД.
עוד סרטון מהכניסה להר הבית pic.twitter.com/0yuqSWJdYY
— نير حسون Nir Hasson ניר חסון (@nirhasson) November 21, 2021