Поранешниот потпретседател на партијата „ Нова сила на Србија“ Саша Мратиќ , на својот фејсбук профил објави видео кое го насловил како „Чудо во Пеќката Патријаршија“ со кое потсети на водениот гејзер пред портите на патријаршијата.
Тој во текстот на видеото објаснува дека свештенството овде со години се мачело со недостаток на вода ,за што било известено и ОБСЕ.
Водениот гејзер кој исфрлал вода во висина од 6 метри и кој повремено се појавува пред влезот на патријаршијата во Пеќ би требало да е решение за немањето вода.
Верниците пак веруваат дека Бог конечно им се смилувал.