Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа синоќа накратко еруптираше, соопшти италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Ерупцијата, чиј епицентар беше на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метриизфрлил пепел и облаци од чад во висина од 8.000 метри.
ИНГВ соопшти дека вулканот повторно се активирал синоќа, исфрлајќи нов бран пепел и чад и го достигнал врвот на ерупцијата.
Во петокот наутро вулканските потреси се искачија на просечни вредности, а протокот на лава е сè уште активен, објави ИНГВ.
Етна е најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции често се придружени со големи текови на лава, но ретко претставуваат опасност за населените области.
Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции, кој датира повеќе од 2.000 години.