Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Европа остро одговори на провокациите на Виктор Орбан

0
By Светлана Јовановска on April 27, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Провокативното однесување на унгарскиот премиер Виктор Орбан иритира и внесува тензии во Европската унија но и во неговото политичко семејство – Европската народна партија (ЕНП) чијшто член е Фидеш, партијата на Орбан. Дождот критики за акциите на Орбан беше толку силен што ЕНП мораше да прифати дебата во Европскиот парламент (ЕП) која се одржа вчера. На дебатата присуствуваше и Орбан.

Иритираноста е толку многу силна што Жан-Клод Јункер, шефот на Европската комисија и член на ЕНП групата, се согласи да отвори прекршочна постапка против Унгарија. Поради тоа што Будимпешта не ги почитува европските закони за слобода на услужни дејности, правото за академска слобода и правото да се води бизнис.

Станува збор за унгарските закони со кои се отежнува па дури и спречува работата на Универзитетот на Централна Европа и невладините организации финансирани од странство. Унгарија има донесено строги па дури и нехумани правила против барателите на азил а цел на вчерашната дебата во ЕП беше и унгарската народна консултација наречена «Стоп за Брисел».

За најголем број пратеници, новиот закон за високо образование е напад врз академската слобода и обид на Орбан да ги замолкне гласовите на неговите критичари.

Вчерашната дебата во ЕУ со Орбан беше остра. Се разбира имаше пратеници, пред се тие од евроскептичните групи и пратениците од Фидеш, кои ги бранеа позициите на Орбан.

Но најголемиот број беа против начинот на владеење на Орбан. Некои побараа од ЕНП да го исклучи Фидеш од своите редови а други сметаат дека е подобро партијата на унгарскиот премиер да остане внатре отколку надвор од ЕНП.

Најсилната критика дојде од екс белгискиот премиер Ги Верхофштад, актуелен претседател на либералната група во ЕП:

«Време е да изберете како сакате да останете запаметени? Како човекот кој и помогна на Унгарија да оздрави од комунизмот или како човек кој сака да ја врати земјата назад? Ова што денес го гледам е модерна верзија на комунистичката Унгарија. Вашиот економски протекционизам, вашиот претеран национализам. Вашата параноја исто така. Вие насекаде гледате непријатели во Унгарија. Во медиумите, во енергетскиот сектор, во невладините организации, во академскиот свет. Параноја. Ова изгледа како Сталин да се вратил. Вие сте потпишале дека ги почитувате вредностите на ЕУ. Вие ги нарушивте сите вредности, до една. И вие сакате Унгарија да остане членка на ЕУ. Да ги земате европските фондови но не и нашите вредности», извика Верхофштад.

Друг пратеник му замери на Орбан што ја споредува ЕУ со СССР.

“Ако тоа беше точно, ние сега ќе испратевме тенкови во Лондон”.

А Романката Моника Маковеј му рече на Орбан дека самиот тој бил стипендист на фондацијата на Сорос и побара од него да ја врати Унгарија на патот на демократијата и назад во Европа.

Орбан вчера се бранеше од нападите велејќи дека Унгарија е европска и проевропска земја и дека би сакала ЕУ да се реформира. Го нападна Џорџ Сорос како штетен за Унгарија, но немаше одговор на забелешките дека Унгарија не ги почитува И повика на дебата со европските партнери за да се најде заеднички терен и разбирање.

Но многумина се сеќаваат на зборовите на Орбан во унгарските медиуми во кои тој, за критиките на ЕУ на унгарската адреса, рече дека «многу пати досега сме виделе дека гласовите на опонентите се силни но тие стивнуваат икрајот исчезнуваат».

Европската комисија вчера најави дека поднела прекршочна постапка против Унгарија поради контроверзниот закон за образование со кој се прават обиди да му се оневозможи работата на Универзитетот на југо-источна Европа (УЈИЕ), финансиран од милијардерот Џорџ Сорос.

«Ние одлучивме да почнеме со правни мерки во врска со законот за универзитети и испративме писмо со предупредување во унгарската влада», изјави Валдис Домбровскис, потпретседател на Европската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.