Најмалку еден човек загина, а илјадници се евакуирани во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во Британска Колумбија, во западна Канада.
Пронајдено е безживотно тело на жена во близина на одрон на автопат, на околу 250 километри северно од Ванкувер. Потрагата по исчезнатите продолжува и денеска, соопшти канадската полиција.
Од Мерита, град на 300 километри североисточно од Ванкувер, вчера беа евакуирани околу 7.000 луѓе. Врнежите престанаа, но многу патишта се уште се поплавени.