Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО): Херојот Лулзим Сулејмани во прво лице за несреќата во Бугарија

0
By Ivana on December 4, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“, рече Сулејмани, еден од преживеаните во автобуската несреќа во Бугарија.

Вака Лулзим Сулејмани го започна разговорот со екипата на ТВ21 при нивната посета во Прешево. Тој е херојот кој од пламените јазици на автобусот ги извлекува малкумината спасени патници. Понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира за него и неговата свршеница.

– Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој не водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа два и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така, изјави Сулејмани.

Автобусот бил добар, но не знаеле дека нема лиценца.

– Патот не беше тежок. Не возеше брзо. Нормално, како што вози автобус, 100. И автобусот беше добар, а за лиценцата не знам, вели Сулејмани.

Лулзим се уште е во шок. Вели дека не може да спие, а сликите од трагедијата постојано се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање.

– Се ми се повторува во главата, 24 часа откако… Бидејќи јас бев буден и видов се од трагедијата и сега се ми се врти во главата. Сега не можам да спијам како претходно. Се будам, не можам да спијам, спиеш само 1-2 часа. Кога ќе се пробудиш, потоа не сакаш да спиеш. Не е како што беше, вели Сулејмани.

Еден мал детаљ кој го забележал Лулзим при влегувањето во автобусот, спаси неколкумина.

– Јас бев буден, но пред тоа, кога шетавме низ Турција, забележав каде стои чеканчето. И потоа кога се случи катастрофата, фала му на Бог што паметот ми беше во глава, стигнав до чеканчето, го скршив стаклото и излегов јас и после мене уште шест, рече Сулејмани.

Ова е втор живот и за неговиот татко.

– Јас како татко го доживеав најтешкото. Првиот пат слушнав дека тој е загинат. Тоа беше објавено по таа трагедија и после тоа дознав од други дека тој е жив и здрав и дека е во болницата и веднаш дојдов во Софија, вели Али Сулејмани, таткото на Лулзим.

Вели дека сега животот им е полесен, но ова не го посакува на никој.

– Знам како тие сега се чувствуваат, не дај боже ова на никој да му се случи, посебно на нас кои сме родители. Тоа тешко се поднесува, рече Али.

Никој не осудуваат, но семејството Сулејмани верува во истрагата дека ќе ги даде вистинските одговори на прашањата, како се случи несреќата во која загинаа 45 патници.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.