Во текот на 9 месеци организацијата Хјуман Рајтс Воч (ХРВ) проучувала 28.707 фотографии на фотографот наречен Цезар, фотограф на воената полиција на Сирија. Цезар избегал од Сирија ви 2013 година и со него земал над 50.000 фотографии на кои се гледаат илјадници тела на лица врз кои била спроведена тортура.
За Хјуман Рајтс Воч, станува збор за цврст доказ дека режимот на Башар ал-Асад врши злосторства против човештвото. На сликите можат да се видат луѓе со извадени очи, со рани на грбот или стомакот и стотици тела фрлени во еден хангар помеѓу пластични вреќи.
“Детално ги проверивме десетините искази на сведоци и сигурни сме дека фотографиите на Цезар се автентични докази за злостроства против човештото кои се случуваат во Сирија”, тврди Надим Хури, потпретседател на Хјуман Рајс Воч за Блискиот Исток и Северна Африка.
ХРВ разговарала со 33 лица блиски до 27 идентификувани жртви на оваа тортура и на 37 поранешни затвореници кои сведочат дека виделе како пред нивни очи умираат луѓето во затворите. За ХРВ сведочеле и четворица поранешни чувари на сириските затвори кои успеале да избегаат од Сирија.
Овие наоди како и некои од фографиите се објавени во новиот извештај на организацијата.