Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Интервју со Маричиќ: ЕУ инвестира милијарди во нас, за да нè подготви како нејзина идна членка

0
By Ана Василевска on December 1, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
Бојан Маричиќ, фото: Ангел Ангеловски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за европски прашања и вицепремиер Бојан Маричиќ е задоволен од досегашниот тек на скринингот, но тврди дека и Брисел е задоволен бидејќи Северна Македонија има подготвени презентери кои реално ја претставуваат состојбата во институциите од каде доаѓаат.

Европа не може да биде излажана вели тој во интервју за Фронтлајн, затоа што таа добро ги познава состојбите кај нас, а тоа се гледа и од извештаите кои ги презентира секоја година.

„Имаме одлично темпо на скринингот. Од ноември почнавме и со билатералниот скрининг и сме во фаза каде ние даваме отчет како ние сметаме дека сме се усогласиле, што ни преостанува и во кој рок тоа би го направиле. Поминавме три поглавја, јавни набавки, статистика и 24. Од средата почнавме со поглавјето 23 кое е многу важно поглавје кое заедно со 24 се оние кои се суштински дел од преговорите што се отвораат на почетокот се затвораат на крајот и се цело време отворени при што промената на системот треба да биде највидлива“, истакна Маричиќ.

Нашата цел, вели Маричиќ, на тие скрининзи не е да ја разубавуваме реалноста ниту да презентираме со розови очила. Целта ни е да ги истакнеме достигнувањата, напорите и успесите што реално се направени, но исто така да ги прикажеме и слабостите кои се обврзуваме да ги подобриме во текот на преговорите. Тоа е и целта на преговорите кои не траат само една или две години  туку повеќе години за да има време и простор сите слабости да се надминат.

Не можеме ние да скриеме некоја слабост на системот на државата или на општеството, затоа што Европската комисија ја знае реалната состојба и секоја година ја соопштува во извештаите, нагласува Вицепремиерот.

На прашањето кои придобивки ги имаат граѓаните од ЕУ, министерот Маричиќ потсетува дека Европската Унија е најголем донатор на Западен Балкан, па и на Северна Македонија.

фото: Ангел Ангеловски
фото: Ангел Ангеловски

„Од 2007 до сега ЕУ има вложено милијарда евра и тоа неповратни средства а не како кредити што треба да се вратат, туку се вложени во инфраструктурата и во развој. На пример, коридорот десет е изграден со европски пари. Коридорот 8  кој сега се гради исто така се гради со европски пари. Преку 20 општини добиле канализациска мрежа и управување со отпадот со пари од ЕУ. Неколку железнички станици се целосно направени со ЕУ пари. Пречистителната станица за Скопје комплетно е донирана од ЕУ и многу други проекти како градинки и други проекти. ИПА фондовите се убавото лице на ЕУ. Европската унија вложува во својата идна членка. Тогаш ќе добиеме многу повеќе“, нагласува Маричиќ.

За споредба сите автопати во Хрватска се направени со европски пари. Сите автопати во Бугарија се направени со пари од ЕУ, а станува збор за милијарди евра.

Според зборовите на министерот, ЕУ вложува кај нас затоа што нè подготвува за членство. Целта е кога ќе станеме членки граѓаните и нашата инфраструктура да бидат подготвени.

Најдобра споредба за тоа колку средства се добиваат кога една земја е членка, а колку кога не е, министерот Бојан Маричиќ направи со средствата што ЕУ ги издвои во време на ковид-кризата за државите од Западен Балкан и за државите членки на ЕУ.

фото: Ангел Ангеловски
фото: Ангел Ангеловски

„Ако Бугарија доби 7 милијарди, или Хрватска 4,5, ние добивме 130 милиони. Таа е разликата меѓу државите членки и оние кои не се. Затоа е во наш интерес што побргу да станеме членка затоа што обемот на средства што ќе ни бидат достапни од фондовите, ќе бидат драстично поголеми“, укажува Маричиќ.

За можна блокада на ЕУ патот од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Маричиќ со одговор:

„И предност и слабост е што за прв пат блокадата е во наши раце. Досега имавме соседи што нè блокираа. Преспанскиот отклони една блокада, францускиот предлог отклони друга блокада,  но со него не зависиме од волјата на бугарските влади, одлуката е на наш терен. Во нашето собрание. Затоа, секој пратеник ќе има одговорност да објасни зошто неговата земја не добила шанса да стане дел од ЕУ“ вели Маричиќ во интервју за Фронтлајн.

Љубиша Николовски

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографии: Ангел Ангеловски

Извор/Фронтлајн

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.