Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Клуч на фабрика за канабис за медицински цели во Струга, сопственикот би „ожнеал“ пет милиони евра

0
By НОВА ТВ Balaban on July 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис.

На 15.07.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за исполнување на условите за производство на канабис за медицински цели и за одобренија за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство и во заедничка акција со полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга, врз основа на претходно обезбедена наредба за вршење на претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Струга, извршен е претрес и контрола над правно лице во село Дрслаица, општина Струга.

При контролата е констатирано дека инсталираниот видео надзор не го покрива целиот објект и правниот објект не е заштитен (ограден според прописите, има оштетувања на повеќе места на жичаната ограда на која се констатирани отвори со моќност за непречен влез и излез од правното лице). Исто така пронајдени се 3.442 засадени растенија канабис кои се одгледуваат во надворешни услови, без соодветна атмосферска заштита, што е спротивно на условите и прописите во Законот за контрола на опојни дроги, а правното лице има пријавено дека засадиле 4304 растенија. При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. Констатирани се и бројни неправилности во однос на известувања за кадарот, просторот и начинот на работење на правното лице, спротивно на одредбите од Законот за контрола на дроги.

Од извршениот увид и контрола во правниот субјект е констатирано дека има вишок на неевидентирани засадени растенија канабис, што е исто така спротивно на Законот за контрола на опојни дроги.

Констатирано е дека правното лице во повеќе сегменти одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на прописите. Од страна на Комисијата беше составен записник за констатирана состојба, изготвен записник за претрес и известен е Јавен обвинител од ОЈО Струга, по чии насоки сите предмети се одземени. Од страна на СВР Охрид до ОЈО Струга ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95 В од Законот за контрола на опојни дроги и член 215 од КЗ.

Според експертите од Министерството за здравство, доколку овие растенија биле оставени да произведат цвет, ќе се добиеле околу 2,5 тони канабис кои доколку биле продадени на црниот пазар, би донеле противправна имотна корист од пет милиони евра.Два дена по ред, МВР во координација со МЗ презема заеднички мерки и активности за спречување на недозволената трговија со дрога, а ваквите засилени контроли продолжуваат и во наредниот период.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.