Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Кој преговарал со ВМРО ДПМНЕ за да се спаси Вељановски од притвор

0
By Соња Петрушевска on February 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на собранискиот спикер Талат Џафери да ја прекине седницата на која требаше да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски ги налути партнерите во владината коалиција. Пратениците на СДСМ денеска не присуствуваа на координацијата кај претседателот на Собранието, по што тој ги одложи сите седници кои беа закажани за денеска.

По бурниот и тензичен викенд кој финишираше без гласање за одземање на имунитетот на пратеникот, денеска владините партнери се обвинија меѓу себе за тајни преговори со ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека седницата ја прекинал поради однесувањето на пратеникот Мухамед Зеќири кој дофрлал од место.

Собранието имаше рок до полноќ да гласа и да му го одземе имунитетот на Велјановски, а ситуацијата за која зборува Џафери се случуваше по 23 часот и 58 минути.

„Седницата е прекината затоа што одмина времето предвидено за носење одлука до 24.00 часот. Седницата е прекината поради однесувањето на пратениците, а посебно на пратеникот од мнозинството Мухамед Зекири. Што кажа, како кажа, мислам дека не е местото јас да повторувам. Во таква ситуација, обврска моја е да ја прекинам седницата“, изјави Џафери.

„Вооопшто немаше ситуација која наликуваше на потреба да се прекине седницата. Во ниту еден момент немаше навреди кон него. Талат Џафери е искусен и успевал да изменаџира многу подраматични ситуации во Собранието. Прашање е дали Џафери свесно одработи за ВМРО ДПМНЕ, односно, за Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата, рече Зекири.

Собранискиот спикер доби поддршка од неговата партија, а ВМРО ДПМНЕ денеска одлучи да молчи.

„ДУИ целосно го поддржува владеењето на правото, без никакви етнички и било какви влијанија. Сите пртеници на ДУИ беа присутни, од претседателот Ахмети па до болниот Шаќири за да гласаме за одземање на имунитетот на Вељановски. Но, пратениците не успеаја да се воздржат кон коментарите на претседателот. Ништо немаше да се случи доколку претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја ставеше одлуката на гласање во 23 часот како бевме договорени. Ништо немаше да се случи доколку претседателот а Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања не се договореше со ВМРО-ДПМНЕ да ја стави одлуката во 21 часот, без да не информира и да не почека. Ништо од тоа немаше да се случи доколку некој од пратениците не станеа и не го нападнаа со погрдни зборови претседателот на Собранието“, рече Груби, притоа додавајќи дека нема никаква криза во владеачката коалиција.

Претседателот на Комисијата за мандатно – имунитетни прашања Павле Богоевски обелодени дека во саботата кога истекувал рокот да се гласа во Комисијата, на пратеникот на ДУИ му се слошило, а неговата заменичка не се јавувала на телефон.

„ Три пати и ѕвонев на пратеничката  Мирсада Емини Асани која е заменик член од ДУИ. Два пати не ми крена телефон, третиот пат ми крена најверојатно по грешка, молчеше 12 секунди и ја прекина врската.

Да престанете да лажете и да ја манипулирате јавноста. Единствена вина за заштитата на Трајко Вељаноски е кај Талат Џафери и ДУИ“ рече Богоевски.

Членовите на Комисијата за мандатно – имунитетни прашања гласаа во саботата – 4 пратеници од СДСМ гласаа „за“, а четворица пратеници од ВМРО ДПМНЕ гласаа „против“, што отвори дилема кај спикерот Џафери дали воопшто треба да свикува седница. Седницата ја свика дури во 21 часот – и пратениците до полноќ беа повеќе на пауза отколку во сала. Во 23 часот и 45 минути седницата продолжи, но по барање на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Џафери даде пауза. Повторно се собраа дури во 23 часот и 58 минути кога Џафери му даде збор на координаторот на пратеничката група на ВМРО ДМНЕ Никола Мицевски.

Две минути по полноќ, Џафери ја прекина седницата, со што на пратеникот Велјановски не му беше одзеден имунитетот и Судот не може да му одреди притвор.

Обвинителството за организиран криминал го сомничи Велјановски како организатор за настаните од 27 април, кога по изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието следуваше упад во зградата на Парламентот и десетина пратеници беа нападнати и претепани.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.