Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Ковачевски до Борел: Македонија заслужува преговори без одлагање

0
By Mirjana on March 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високиот европски претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел не донесе датум за старт на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, само ветување дека тоа е меѓу приоритетите на Унијата која бара и надминување на билатералното прашање со Бугарија низ заемно прифатливо решение но и резултати на полињата како што се: владеење на правото, борбата со корупцијата, зелените политики..

– Преговорите за пристапување со Северна Македонија и со Албанија се прашање од висок приоритет на Европската Унија. Кога велам дека земјата е подготвена, тоа не е обична изјава туку изјава со намера дека тоа и ќе се случи. Одлуките донесени од Владата на Северна Македонија уште повеќе ја поврзуваат земјата со Европската Унија. Разговаравме, разговараме и ќе разговараме со Бугарија се додека не се разреши ова билатерално прашање а позитивна работа е тоа што е интензивиран дијалогот меѓу двете земји, тоа што гледам дека меѓу двете влади има поцврста воља за решавање на прашањата. А кога има воља има и начин, изјави на новинарско прашање високиот европски дипломат Борел.   

Од своја страна премиерот Ковачевски извести дека го информирал потпретседателот на ЕК за процесот на дијалог и контакти со Република Бугарија. Рече не „ држел “ толку до роковите  туку до  исполнување на целите.

– Го информирав гостинот за комуникацијата со бугарската Влада и со премиерот Петков како и за комуникацијата меѓу ресорните министерства како што се транспортот и врските, економијата, во комуникација сме со министерството за надворешни работи како што беше последниот период околу евакуацијата, а таа комуникација на ниво на експерти трае во континуитет која треба да придонесе до заемно прифатливо решение кое треба да биде во духот на европските  вредности и кое го зачувува  достоинството на двете земји и на двата народа и кое Република Северна Македонија ќе може потоа  да го имплементира согласно уставот и законите, изјави премиерот Ковачевски.

Инаку Борел истакна дека многу високо се цени тоа што Република Северна Македонија иако само кандидат за членство во ЕУ, ја осудила руската воена инвазија, го поддржала народот на Украина и украинската држава и што се приклучила кон европските санкции за Русија. Борел е свесен дека вакуумот на Унијата во Западен Балкан сам по себе остава простор за зголемување на безбедносни ризици поради влијанија од трети земји надвор од Европската Унија а кои сакаат да го прошират своето влијание овде.   

Премиерот Ковачевски просто инсистираше меѓувладината конференција со ЕУ да се одржи што поскоро зашто како што дополни „потребни ни се предвидливи и забрзани геостратешки насоки од ЕУ. Ова клучно време го сметам за силен импулс Северна Македонија да има кристално јасна европска перспектива“ заклучи Ковачевски.

Украинската криза е момент за будење на Европа која треба да воспостави поцрсти релации со Западен Балкан, рече Борел кој најави четврт пакет на санкции кон Русија а Путин го нарече варварин кој презел варварски напад врз Украина.Унијата во овој момент, а во контекст на војната во Украина , можела финансиски да помогне за справување со дезинформации.

Претходно Борел се сретна со претседателот Стево  Пендаровски и со собранискиот спикер  Талат Џафери. Главна поента на разговорите била таа што Северна Македонија се докажала како партнер на ЕУ а новата геополитичка реалност укажувала и на потребата од интегрирање на регионот во ЕУ.

Високиот претставник ја поздравил одлуката на земјава за приклучување кон санкциите на ЕУ за Русија, со што Северна Македонија целосно се придружува кон заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и пакетот санкции на Унијата, вклучително и пакетот мерки од 2014-та година.

На средбата се разговарало и за заклучоците од неодамнешниот Самит на лидерите на ЕУ во Версај, со акцент на процесот на евроинтегрирање со земјите од регионот, за што главниот збор го имаат сите земји членки.

 Мирјана Трпческа

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

КОВАЧЕВСКИ БОРЕЛ ПРЕС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.