На улицата „Андон Велков“ која се наоѓа на самиот крај од Стајковци веднаш до Обиколницата, потребна е огромна помош од физичка рака но пред сѐ механизација која ќе ја исчисти калта во која мештаните постојано газат. Тие апелираат надлежните што поскоро да го посетат овој дел на Стајковци бидејќи досега никој не ги прашал што им е потребно и се чувствуваат заборавени.
На пунктовите пак, имаат проблем да се снабдат со храна и вода.
Утре претпладне следува ексклузивна репортажа на НОВА со мештаните од овој крај на Стајковци.