Бизнисменот Јордан Камчев попладнево го напушти затворот во Шутка каде што беше во притвор речиси една година осомничен за предметот „Плацеви на Водно“ во кој првоосомничен е бегалецот Никола Груевски и Сашо Мијалков, кој деновиве исто така излезе од притвор.
Скопска алелација вчера ја прифати гаранцијата од речиси 11 милиони евра и го пушти обвинетиот Камчев да се брани од слобода.
Новогодишните празници Камчев ги помина во неговата болница Систина каде беше хоспитализиран со дозвола на судијата кој го суди предметот бидејќи не бил во добра здравствена состојба,
ТВ Клан вечерва објави дека Камчев од затворската ќелија во истражниот затвор ги собрал сите свои работи и си заминал дома.