Жителите на украинската област Одеса се предупредени да ги избегнуваат крајбрежните области поради опасноста од мини расфрлани во морето што ги поставила украинската војска , но изгледа тие предупредувања не беа доволни забележува весникот Mirror.
Имено шокантно видео кое стигна од Одеса прикажува снимка на маж кој плива во морето за неколку моменти подоцна да биде разнесен од мина.
Посмртните остатоци на 50 годишниот човек подоцна се однесени на плажа каде во шок седеле неговата жена, синот и еден пријател.
Видеото од надзорните камери, е споделено и на ФБ страната на украинското министерство за внатрешни работи.