Откако Русија ноќеска ја започна воената инвазија на Украина, голем дел од населението во Киев решија да го напуштат главниот град упатувајќи се на запад во обид да најдат засолниште и прибежиште во деловите од земјата поблиску до Полска и НАТО трупите. Додека детонации и сирени одекнуваат низ градот, реки од автомобили течат кон 2,8 милиони излези од градот.
Руслан Стефанчук, шефот на украинскиот парламент, исто така е снимен како заминува од Киев со семејството во голем автомобил.
На выезде из Киева многокилометровые пробки, люди уезжают из города, передает корреспондент The Insider. pic.twitter.com/hhRk4y4Kvj
— The Insider (@the_ins_ru) February 24, 2022
Cars heading out of Kyiv. possibly heading towards Polish border. pic.twitter.com/jFdiljm5jg
— Hufsa Kamal (@hufkat) February 24, 2022
Излез од градот е можно само по копнен пат, бидејќи воздушниот простор е затворен за цивилни летови од рано изутрина.
Исто така, Министерството за инфраструктура соопшти дека сите патници се евакуирани од Бориспол, најголемиот меѓународен аеродром во Украина. Инаку, тој аеродром рано утринава беше цел на рускиот напад.
Дописникот на Гардијан на Твитер напиша дека на улиците на Киев нема многу луѓе, дека само големи редици има пред банкоматите и бензинските пумпи, кои се целосно парализирани.
– Света Софија во Киев, симбол на украинската националност. Се уште стои во 8 часот по локално време, на улиците има неколку луѓе, едно кафуле е отворено – неверојатно, има расположение на страв, шок и тивок пркос, напиша новинарот Лук Хардинг.
На социјалните мрежи во Киев владее чувство на паника. Некои луѓе пишуваат дека брзаат да ги однесат во атомски засолништа и подруми, а на ТВ снимките се гледа како луѓето се молат на улиците, собрани во групи, јавува Би-Би-Си. И станиците на метрото се преполни со луѓе кои се кријат во страв од руски ракети.
Сепаратистите поддржани од Русија презеле контрола врз два града во областа Луганск во Украина, додека украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека едно лице е убиено и едно рането во Киев, според извештаите на светски агенции.
Украински извори информираат дека во руски гранатирања досега загинале најмалку седум лица, а деветмина се повредени.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушните бази и воената инфраструктура на Украина се неутрализирани.