Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, денеска спроведе претреси во домови и други простории на над 20 локации во државата. Полициска акција имаше на пет локации во Тетово, на две во Гевгелија и Кичево, и на по една локација во Скопје, Куманово, Струмица, Штип, Струга, Пробиштип, Берово, Свети Николе, Битола, Гостивар, Неготино и Кавадарци.
Одземен се поголеми количини марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамини, прашкаста материја чиј состав ќе се анализира, парични средства, три ваги, 29 куршуми а како што соопшти портпаролката Сузана Прањиќ Талевска, во Гевгелија е и импровизирана лабораторија за производство на канабис.
Во текот на акцијата се приведени над 20 лица, против кои ќе бидат преземени мерки.