Крушево летово е домаќин на неколку културни и музички настани, но и на натпревари во летање со параглајдер. Токму од камерата на еден параглајдерист може да се ужива во неверојтната глетка на градот и околината на височина од неколку стотици метри.
Крушевчани секојдневно имаат можност да ги следат летовите на стотици параглајдеристи од целиот свет на небото над градот. И истовремено се горди од општо познатиот факт дека нивниот град ги има едни од најдобрите терени во Европа за полетување.