Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Проукраинските бунтовници зазедоа руско погранично село и тргнаа да „маршираат кон Москва“

0
By Marija Todorovska on March 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Легијата на Слободата на Русија, паравоена единица која се состои исклучиво од руски државјани и дејствува против агресорските трупи на Кремљ, упадна на територија во Русија, три дена пред отворањето на гласачките места на изборите на кои се очекува Владимир Путин да ја задржи власта и наводно го освоила селото Тиоткино во руската област Курск, објави на Телеграм прес-службата на единицата , пренесува Укринформ.

„Селото Тиоткино, регионот Курск, е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин брзо се повлекува од селото, оставајќи ги своите позиции зад себе и напуштајќи ја тешката воена опрема“, се вели во извештајот.

Пред тоа, рускиот опозиционер Илја Пономарјов на Фејсбук напиша дека под контрола на ослободителните сили е и пограничниот град Лозова Рудка во Белгородската област. Што се однесува до Тиоткино, тој напиша дека е во тек престрелка.

Како што е соопштено, утринава Легијата на слободата на Русија, РДК и Сибирскиот баталјон – етнички руски паравоени групи со седиште во Украина, составени од дезертери и други доброволци кои се борат против режимот на Владимир Путин, преминаа во руските региони Курск и Белгород како дел од заедничка операција.

Проукраинските руски единици на бунтовниците кои се борат преку заедничката граница имаат за цел да „маршираат кон Москва“, изјави еден волонтер за Њузвик  блиску до линијата на фронтот што се менува.

Алексеј Барановски, волонтер на Легијата на Слободата на Русија, кој се води под псевдонимот „Лутик“, рече дека операцијата во вторникот веќе довела до заземање на руско село блиску до границата со Украина.

Според Њузвик, украински и руски извори објавија дека вооружените групи најверојатно влегле во руските региони Белгород и Курск со оклопни возила – поддржани со минофрлачки и артилериски оган, според каналот War Gonzo Telegram.

Повикувајќи се на руски безбедносни извори, каналот објави дека во единицата имало околу 50 луѓе, а по гранатирањето од руска страна, тие се повлекле на првобитните позиции.

Милициските групи Легија на слободата на Русија и Руски волонтерски корпус, кои и двете го поддржуваат Кијив против агресијата на Москва, во вторникот рекоа дека се „во напад“. Во видео изјава, неименуван член на Легијата на Слободата на Русија рече:

„Дојдовме да ве ослободиме од Путин“.

„Не доаѓаме да убиваме, бришеме или казнуваме…дојдовме да ве ослободиме од сиромаштијата, од диктатура“.

„Ние не го признаваме крвавиот диктатор за претседател“

 

Двете групи објавија видеа на Телеграм на кои се чини дека нивните борци, заедно со вооружени возила, влегуваат во селата во барем еден од пограничните региони, а во едно видео се слушаат истрели од огнено оружје. Не е јасно каде и кога се снимени видеата.

Легијата на слободата на Русија на Телеграм соопшти дека нејзините сили „уништиле“ руско оклопно воено возило во селото Тјоткино во областа Курск.

На нејзиниот канал на социјалните мрежи беше објавена снимка од возачкото седиште направена во темнината на вооружено возило во движење.

„Тенковите не се плашат од кал“, се вели во објавата. „ Преминат Рубикон, премината границата.“

Регионалниот гувернер на Курск, Роман Старовоит, во видео порака на Телеграм рече дека нападот бил насочен кон селото Теткино, кое се наоѓа веднаш до руската граница со Украина.

„Диверзантско-извидувачка група се обиде да пробие“, рече тој. „Имаше престрелка, но немаше пробив.

Властите во регионот на Белгород не потврдија никаков упад над границата кога пријавија низа напади со украински беспилотни летала во текот на ноќта низ регионот.

Руската Федерална служба за безбедност ги негираше информациите дека вооружените милициски групи успеале да навлезат во регионите Курск и Белгород, велејќи дека од неделата „запреле неколку обиди за нарушување на државната граница“, објави државната новинска агенција ТАСС.

Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка агенција ГУР, изјави за украинските медиуми дека руските волонтерски групи не дејствуваат по наредба на Кијив и дека „на територијата на Руската Федерација, тие дејствуваат апсолутно автономно, самостојно и ги извршуваат своите социјални и политички програмски задачи“.

Минатото лето , во мај и јуни, беа пријавени прекугранични упади на проукраински вооружени милитанти, од кои најсмртоносниот се случи во градот Шебекино во регионот на Белгород во јуни.

Утрото на 22 мај, борците на рускиот волонтерски корпус известија дека се навлезени во Русија. Конкретно, борците објавија видео на позадината на патните знаци во близина на населбите Љубимовка (Брјанска област), Безљудовка (Белгородска област) и Чуровичи (Област Брјанск), и ги повикаа жителите на руските погранични региони да останат дома и „ да не се противат“, објавија тогаш ЦИВИЛ Медиа.

И во јуни минатата година, како што пренесе ЦИВИЛ Медиа, елементи на проукраински руски волонтерски корпус (РДК) и Легијата на Слободата на Русија (ЛСР) извршија уште една ограничена акција во Белгородската област и продолжија да дејствуваат во руските погранични региони. Геолоцираните снимки објавени на 4 јуни покажуваат како персоналот на LSR и RDK напредува кон Новаја Таволжанка (3,5 километри од украинската граница),

Драган Мишев / Цивил Медиа

„Белгород“ Курск Легија на слободата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.