Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Радев: Очекувам правнообврзувачки договор со Скопје до ноември, а за да кажеме „да“ ќе видиме што е исполнето

0
By НОВА ТВ on October 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ е континуиран приоритет на бугарската надворешна политика и поддршката на Софија за тоа е конзистентна, но се базира на клучните принципи на индивидуални достигнувања во исполнувањето на критериумите за реформи и важноста за одржување добрососедски односи, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ во Словенија.

– Имав важни средби и со лидерите на европските институции, како и трилатерална средба со канцеларката Ангела Меркел, претседателот Емануел Макрон на која присуствуваше и премиерот на земјата-кандидат за членство во ЕУ, Република Северна Македонија, Зоран Заев, рече Радев.

Тој посочи дека темата на разговорите била изнаоѓање начин за надминување на препреките пред започнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија, тема која, како што рече, „е од исклучителна важност за регионот, за македонските Бугари и за местото и улогата на Бугарија во ЕУ“.

– Северна Македонија не може да помине катарза. Нашите позиции се јасни, се додека нашите сонародници подлежат на суптилна асимилација, со текот на годините се потиснувани и нивните основни права и не се интегрирани целосно во Северна Македонија ние не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговори, изјави Радев.

Во пресрет на пленарната сесија на Самитот ЕУ-Западен Балкан, претседателот Радев ја повика Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, потпишан пред четири години. Тој ја истакна потребата од јасни законски гаранции дека Скопје ќе ги исполни своите обврски пред Софија да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

– Повеќе од три години по стапувањето во сила на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, не е преземена вистинска акција од македонска страна, рече тој, додавајќи дека работат на подобро објаснување на позицијата на Бугарија на европските партнери.

-Клучот за согласност на Бугарија воопшто не е сложен – се состои во целосно имплементирање на Договорот за добрососедство. Потоа, македонските Бугари да бидат подеднакво рамноправни со останатите 7 народи наведени во Уставот на Северна Македонија и тоа треба да биде јасно наведено. Второ, македонските Бугари да бидат јасно наведени во резултатите од пописот. Трето, како што беше признаена историската вистина во односите со Грција, истото да биде сторено и со Бугарија. Објективните факти од нашата општа историја не може да бидат подложени на мултиперспективно толкување, изјави Радев.

Радев ги повика своите претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев да покажат „неопходна волја за надминување на проблемите во билатералните односи“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев рече дека потиснувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија е предизвик и на ЕУ, затоа што тие „се државјани на Бугарија и државјани и на Унијата“ и повика на „европска солидарност и со нив и со Бугарија“.

– Тоа не е ниту вето, ниту стопирање на процесот, ние повеќе од тоа не бараме, да се почитуваат основните европски принципи и интересите на секоја држава членка на ЕУ, рече Радев, додавајќи дека, според него, оти треба „да се искорени јазикот на омразата, толкувањето за Бугарија од учебниците, спомениците, од државната политика, и тогаш ќе бидат подготвени да кажат „да“.

Радев рече дека Бугарите во земјава треба да бидат вброени и во пописот на населението во Северна Македонија.

– Бугарија бара како што беше призната историската вистина во односите на Северна Македонија со Грција, така да биде призната и историската вистина во односите со Бугарија. Очекуваме билатералниот протокол од 6 точки да биде готов до почетокот на ноември. Во протоколот има решенија кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес. Мене ме интересираат обврзувачките работи што треба да бидат завршени до почетокот на преговорите, за да кажеме „да“, додаде бугарскиот претседател Радев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.